581692156 1317726753719139 2915267733771551655 n

Младински дијалози во Кочани

„Има многу предрасуди за младите што се сметаат за неодговорни и несигурни, и работодавците не им даваат шанса на младите луѓе. Сите бараат обучен кадар, а не ни даваат поголема шанса да учиме низ пракса“ – изјави една од учесничките на младинската дебата во Кочани.

Младите се изморени од празни зборови и ветувања. Сакаат конечно да видат резултати, нивните пораки јасно да се слушнат и да се реализираат во реални, практични дела од претставниците на власта како на локално така и на национално ниво.

Младите сакаат и повеќе учење низ пракса, учество во младински размени, транспарентност и достапност до информации за стипендии, можности за посета на институции и повеќе сознание како истите работат.

Ова се пораките на младите од Кочани кои учествуваат на дебатата за национални и ЕУ младински политики која се оддржа во просториите на младинскиот центар „Гнездо“ Кочани.

Низ практични примери беа запознаени и со креативното движење „Нов европски Баухаус“ кое овозможува прилагодување на нашиот начин на живот да биде поодржлив и поеколшки, да живееме во хармонија со природата.

Активноста се спроведува во склопот на Еразмус+ проектот “Академија за младински политики: Вклучи се – поврзи се – поттикни”.

Фотографии од настанот.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита и унапредување на животната средина “Еко-Живот” Кавадарци

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор