Минимални се активности на Советите за превенција

Минимални се активности на Советите за превенција

Од кратката анализа што ја направи здружението Mедиа плус од Штип за работењето на Локалните совети за превенција, може да се заклучи дека ова тело само делумно е во вниманието на локалните власти. Изостанува целосна проактивност, а работењето на Советите е различна од општина до општина.

Медиа плус во изминатиот период склучи меморандуми за соработка со осум општини од сите осум плански региони, со цел јакнење на Локалните советите за превенција и нивната врска со граѓаните и граѓанските организации. Од посетите на општините и разговорите со претставниците на локалната власт, преовладува мислењето дека граѓаните малку или воопшто не знаат за постоењето на телата, кои треба да адресираат граѓански потреби. Освен тоа, забелешка е дека има преклопување во законските надлежности со Општинските кризни штабови. Поради тоа, често им се дава значење на Кризните штабови, на штета на Локалните совети за превенција, иако двете тела имаат свои одделни надлежности.

Медиа плус во наредниот период ќе спроведува активности во општините Битола, Струга, Гостивар, Карпош – Скопје, Крива Паланка, Свети Николе, Гевгелија и Штип, на јакнење на капацитетите на Советите и поголема соработка со граѓаните и вмрежување со граѓанските организации од овие општини. Проектот “Здружени сме посигурни и побезбедни” ќе работи и на поголема информираност на граѓаните за можноста преку Локалните совети за превенција за алармираат за одредени појави, проблеми и потреби на заедницата. Проектот е поддржан од програмата Цивика Мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор