54977545102 dfdecfa54e k

Меки вештини и кариерни перспективи за идните експертки во сајбер безбедност

На 10 декември 2025 година, во рамки на меѓународната конференција е-Општество.мк во Скопје, Фондација Метаморфозис организираше работилница „Меки вештини и кариерни перспективи во сајбер безбедноста“, за учеснички од регионалната програма CybHER!

Работилницата беше организирана во соработка со British Council, со експертска поддршка од Љубица Пендароска, експертка за сајбер безбедност.

Photo credits: Ванчо Џамбаски

Преку работилницата учесничките разговараа за важноста на женското присуство во оваа област, придружено со инспиративното обраќање на гостинка-говорничка која сподели лични искуства од својата кариера – од првите чекори, до лидерски улоги – нагласувајќи како меките вештини, упорноста и професионалната самодоверба го отвораат патот кон успех. За време на работилницата учесничките се запознаа со различните домени на сајбер безбедноста, вклучувајќи технички, управувачки, правни, етички и комуникациски улоги, како и нови насоки како сајбер дипломатија, дигитална етика, приватност и ВИ-безбедност.

Photo credits: Ванчо Џамбаски

Тие имаа можност да ги идентификуваат своите силни страни и да ги откријат вештините што се најбарани на пазарот, добивајќи практични препораки за обуки, сертификација и стажирање. Клучен дел од работилницата беше изработката на свој личен „elevator pitch“ и мотивирачката дискусија за лидерството, емоционалната интелигенција и градењето влијание во дигиталниот свет, поттикнувајќи ги учесничките да продолжат со учење, самоунапредување и вмрежување.

Настанот е организиран од Фондација Метаморфозис, во рамки на проектот CybHER, финансиран од Владата на Обединетото Кралство и спроведуван од British Council.

The post Меки вештини и кариерни перспективи за идните експертки во сајбер безбедност first appeared on Metamorphosis.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис

Продолжи со читање

  • ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА

    ИЗВЕСТУВАЊЕ / ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА   Центарот за одржлив развој на заедницата – Дебар со задоволство ги поканува учениците, родителите, наставниците […]

  • Блупринт групата апелира до Собранието, пред да избере нов член на Судскиот совет, да ги почитува сопствените заложби за подобрување на критериумите

    Ја изразуваме нашата длабока разочараност поради предлагањето нов член на Судскиот совет на РСМ од редот на истакнати правници кои ги избира Собранието на РСМ само неколку дена пред започнување на собраниската постапка за донесување на новиот Закон за Судскиот совет. Иако измените на овој закон долго време се подготвуваа како резултат на претходните случувања […]
    Read More… from Блупринт групата апелира до Собранието, пред да избере нов член на Судскиот совет, да ги почитува сопствените заложби за подобрување на критериумите
    The post Блупринт групата апелира до Собранието, пред да избере нов член на Судскиот совет, да ги почитува сопствените заложби за подобрување на критериумите appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Младински дијалози во Скопје

    Младинските дијалози се одлична можност за директно согледување на потребите на младите во Македонија. Низ интересен разговор помеѓу младите, претставници на НВО секторот, претстaвници на институциите и заинтересирани граѓани, вчера ја спроведовме активноста – Младински дијалози во Млади Хаб Скопје. Голема благодарност за активното учество и споделувањето на сопственото искуство до Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM комшиLOOK Бистри Умови – Bright Minds of Macedonia MladiHub Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) Активноста се спроведува во склопот на Еразмус+ проектот “Академија за младински политики: Вклучи се – поврзи се – поттикни” Линк до фотографии:

  • Учество на работилница “Еко муабети“

    На ден 11.12.2025 год. (четврток) успешно се одржа работилницата „Еко Муабети“, организирана од еко-одборот на гимназијата „Кочо Рацин“ – Велес и групата средношколци „Зелени Борци“. На настанот учествуваа претставници од „Зелена Народна Стража“, извидничкиот одред „Димитар Влахов“, како и ученици и професори од гимназијата „Кочо Рацин“ – Велес и ученици…

  • Учество на одредската слава на ИПО “Јадран“ – Св.Климент

    Старешината и началникот на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес на покана на старешината на ИПО “Јадран“ од Скопје земаа учество на одредската слава на извидничко поречанскиот одред “Јадран“ од Скопје. Славата се одржа во извидничкиот дом в о село Катлановска Брезица на 8.12.2025 год. На нашите браќа извидници им…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор