Untitled Design(1)

ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА

ИЗВЕСТУВАЊЕ / ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА

Центарот за одржлив развој на заедницата – Дебар со задоволство ги поканува учениците, родителите, наставниците и пошироката јавност да земат учество на уметничката изложба организирана во рамки на конкурсот: „Надежта што се обновува“.

На оваа изложба ќе бидат претставени уметничките дела на ученици од основните и средните училишта, кои учествуваа на конкурсот посветен на заштитата на загрозените животни и зачувувањето на природата. Делата го отсликуваат креативниот дух, чувствителноста и силните еколошки пораки на нашите млади.

Изложбата ќе се одржи на 18 декември (четврток) 2025 година, со почеток во 12:00 часот, во Библиотеката на Центарот за култура – Дебар.

Целта на изложбата е да биде простор за размислување и подигање на свеста, каде преку уметноста се пренесува пораката дека природата е заедничка одговорност и дека гласот на младите има моќ да донесе промени.

Ве покануваме да присуствувате на овој настан со цел да ја поддржите работата на младите, да го охрабрите нивниот талент и да бидете дел од активност која промовира еколошки и граѓански вредности.

Оваа активност се реализира во рамки на проектот „Да учиме за климатските промени“, имплементиран од ЦОРОЗ – Дебар, во партнерство со О.О. „Крсте Јон“ – Струга и „Зелениот центар“ – Охрид, со финансиска поддршка од Амбасадата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas.

                                                                              АГЕНДА

Уметничка изложба: „Надежта што се обновува“
📍 Библиотека на Центарот за култура – Дебар
📅 18 декември 2025 | ⏰ 12:00–13:20

12:00 – 12:05 | Пристигнување и регистрација на учесниците
– Пречек на гостите

12:05 – 12:10 | Свечено отворање на изложбата
– Кратко претставување на настанот и целта на изложбата

12:10 – 12:15 | Поздравен говор од претседателот на здружението
– Порака за значењето на уметноста, младите и заштитата на природата

12:15 – 12:30 | Поздравни обраќања од гостите
– Претставници на програмата Civica Mobilitas
– Претставници од Општина Дебар

12:30 – 13:00 | Посета на изложбените дела
– Презентација на уметничките творби
– Интеракција со учениците и авторите на делата

13:00 – 13:20 | Доделување награди и благодарници
– Доделување награди по категории на конкурсот
– Заедничко фотографирање

13:20 | Затворање на официјалниот дел на настанот
– Изложбата ќе продолжи да биде отворена во текот на целиот ден во четврток и петок

„ Уметничката изложба е дел од проектот „Да учиме за Климатски опромени поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас што го спроведуваат  ИО Крсте Јон-Струга, Зелен Центар Охрид и Центар за одржлив развој на заедницата Дебар“

„Содржината на оваа агенда е единствена одговорност на Центар за одржлив развој на заедницата Дебар и на ниту еден начин не смее да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или на организациите што ја спроведуваат.“

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за одржлив развој на Заедницата Дебар

Продолжи со читање

  • Високите цени ја надминаа корупцијата како клучен проблем, но расте прифатливоста и подложноста на корупција во Северна Македонија

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше идентификувана како најсериозен општествен проблем, во 2025 година граѓаните на Северна Македонија ги рангираат високите цени како своја главна грижа (46,6%), а корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, зголемените трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, додека корупцијата и понатаму останува еден од клучните предизвици со кои се соочува општеството. 

  • Демир Капија: Жените бараат редовни средби со институциите и поголема поддршка за локалните иницијативи

    Демир Капија, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во локалното одлучување, редовни консултации со жителките од руралните средини и навремени повратни информации од институциите беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана во Демир Капија. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Младите од Струга во улога на новинари на работилница за медиумите на заедницата

    Средношколци од Струга учеа за медиумите на заедницата, разговараа за етиката во новинарството и за момент влегоа во улога на новинари. Тие предлагаа теми, анализираа како да ја обработат приказната и дискутираа колку е важно да се зборува јавно за проблемите на локалните заедници и да се бараат решенија.

  • Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода

    Во соработка со Општина Кисела Вода спроведовме процес на партиципативно буџетирање. Граѓаните ги споделија своите потреби, проблеми и предлози за подобрување на квалитетот на животот во општината. Тие ја препознаа иницијативата како корисна и изразија поддршка за организирање ваков тип на настани, кои овозможуваат нивните потреби и идеи да бидат слушнати. Следниот чекор е анализа […]
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Два дена партиципативно буџетирање со граѓаните на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • Ден на климатските промени – 4 Ноември

    Денес го обележивме 4ти ноември Денот на климатски промени со учество на Утринска програма на Телма телевизија со нашата  Тамара Радовановиќ Анѓелковска на која што разговаравме за активностите на нашата организација поврзани со заштита на животна средина и намалување/ адаптација на климатските промени.
    Зборувавме за тоа како локалните заедници можат да станат отпорни на климатски промени и зошто е тоа важно.
    Благодарност до редакцијата на Телма телевизија за поканата!
     

  • Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија

    Миграцискиот профил на Северна Македонија се менува. Иако традиционално се препознава како транзитна земја, таа сè повеќе станува земја на дестинација за странски работници и други странски државјани што бараат подолгорочен престој. Според податоците презентирани во нашето истражување, бројот на странски работници се зголемил од […]
    The post Од управување со миграциите до интеграција: Истражувањето во рамки на ФОСТЕР го анализира пристапот на странските државјани до права во Северна Македонија appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор