Megjashi

„Меѓаши“ го презентираа Извештајот за СОС телефонот за деца и млади

На СОС телефонот во текот на целата 2016 година се регистрирани 82 контакти за вкупно 111 деца жртви или потенцијални жртви каде постои сомневање за можно кршење на детските права и за кои е потребна одредена помош. Овие податоци беа презентирани денес на прес конференцијата на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ што се одржа во ЕУ Инфо центарот во Скопје. Податоците се дел од извештајот на СОС телефонот за деца и млади кој содржи и статистички податоци, заклучоци и препораки за подобрување на состојбата со правата на децата во Република Македонија како и согледувања од работата на СОС телефонот за деца и млади.

Megjashi 0122017

Според Драги Змијанац, директорот на „Меѓаши“, прекршување на правата на децата при бракоразводни постапки, семејното насилство и питачењето, односно искористувањето на детскиот труд се најчести форми на прекршување на детските права пријавени на СОС телефонот за деца и млади минатата година. „Најкарактеристични се податоците за 33 деца кои биле потенцијални жртви на прекршување на правото при бракоразводна постапка. Имаме 21 пријава за деца кои се пожалиле дека се потенцијални жртви на семејно насилство. Во дадениот период имаме 11 дојави за деца кои питачаи и се жртви на експлоатација на нивниот труд“, рече Змијанац.

Megjashi 0122017 2

Координаторот на СОС детскиот телефон Ангела Маневска рече дека од вкупно 82 јавувачи, само 5 се деца, а останатите 77 се возрасни лица од кои 3 анонимни и 4 правни лица. „Според возраста на децата чии права се прекршени 46 се на возраст од 6 до 16 години. Од 0 до 5 години има 16 деца, од 14 до 18 има 12, а за 37 деца возраста е непозната. Според етничката припадност од македонска се 54, албанска 3, ромска 7 и непозната за 47 деца. Според нивниот пол машки се 42, женски 37, а непознато е за 32 деца жртви“, рече Маневска. Таа истакна и дека има информации за 6 деца за кои постои сомнеж за сексуална злоупотреба од страна на близок или познаник на детето, а загрижувачки е тоа што оваа година според податоците на „Меѓаши“ постои и сомнеж за сексуална злоупотреба од страна на малолетни деца.

Змијанац повика за помош од операторите за хармонизација на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 22 22 со европскиот шестцифрен број за помош и поддршка на деца и млади 116 111 и бројот 116 000. Во текот на 2016 година сервисот за директна помош и материјална поддршка го искористиле 138 граѓани што живеат на работ на сиромаштија и се имаат 475 пати обратено и добиени помош од Детската амбасада Меѓаши.

СОС телефонот за деца и млади функционира 23 години и досега на него се регистрирани вкупно 20.537 повици.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор