18156022 1311939115558664 3846176420810256099 o

Mеѓаши – 25 години борба за поправеден свет за децата

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ на 24 април 2017 година одржа прес-конференција по повод одбележувањето на 25 годишниот јубилеј од своето постоење.

Коле Ангеловски, амбасадор на „Меѓаши“, на денешната конференција ги сумираше најзначајните достигнувања од работата на организацијата во изминатите 25 години. Помагајќи ги децата и нивните права, оваа организација поминала низ воени кризи, но и низ мирнодопски ситуации, секогаш со максимална посветеност и реализација на проекти кои суштински ги подобриле правата на децата.

„Сметам дека граѓаните нè препознаваат како бескомпромисни борци  кои секогаш се спротивставуваат на било која државна институција и структура кога постои неправда и кршење на елементарни права на детето. Нашата борба се однесува на вклучување на сите деца во задолжителниот образовен систем и задолжителното предучилишно образование за да нема злоупотреба на децата и нивниот труд, бидејќи тие стануваат жртва како на државата, така и на своите родители.“ – изјави Драги Змијанац, основач и претседател на „Меѓаши“.

Во своето 25 годишно работење, Амбасадата може да се пофали со одговор на 21.000 повици упатени кон линијата за поддршка. Таа со своите активности придонесе во развивањето и јакнењето на граѓанската свест за детските права. Успешно го руши молкот за детските страдања, особено за физичката, сексуалната и економската злоупотреба на децата, откривајќи во јавноста повеќе вакви случаи и директно ангажирајќи се за воспоставување поефикасни механизми за заштита на децата.

„Меѓаши“ во моментов активно поддржува иницијатива на неформална група граѓани за чист воздух, иницијатива за децата да имаат право да ги дознаат своите биолошки родители и иницијатива за децата да ги остварат своите права предвидени во сите меѓународни конвенции и закони за здравствена заштита.

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ е корисник на институционален грант од Цивика мобилитас. За повеќе информации околу ова, можете да го погледнете нивниот профил.

Продолжи со читање

  • Започнаа подготовките за XXVI Вардарска регата Гемиџии 2026

    На 14.3.2026 год. (сабота) претставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, во состав Владимир Ивановски, Иван Гушев и Ангелче Гушев ги посетија извидниците во Солун каде што ги започнаа разговорите за реализација на XXVI Вардрската регата Гемиџии 2026. Оваа година заради зголемени финасиски трошоци се доведува во прашање организирањето…

  • Работна средба со извидниците на Првата извидничка чета од Поликастро

    На 14.3.2026 год. (сабота) во Поликастро, Република Грција се одржа работна средба помеѓу претставниците од Првата извидничка чета на Поликастро и претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Република Македонија. На оваа средба се разговараше за поддршка на извидниците од Поликастро односно поддршката што по трет пат треба да…

  • Годишно Собрание на одредот за неговата активност во 2025

    На 15.03.2026 год. (недела) во големата сала на во Домот на НВО во Велес се одржа редовното Годишно собрание на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес. Собранието се одржа по следниот ред Процедурален дел: Отварање на Собранието Воведен збор на старешината Избор на работни тела на собранието Работно претседателство –…

  • Реакција за Предлог-законот за високо образование

    Младинскиот образовен форум (МОФ), како организација која скоро 27 години работи на промовирање и заштита на правата на младите во образованието, внимателно го анализираше Предлог‑законот за високо образование. Во текот на […]
    The post Реакција за Предлог-законот за високо образование appeared first on МОФ.

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор