цивил

Македонската јавност се сеќава: Кон што води говорот на омраза?! Неказнивоста мора да престане

Политиката на неказнивост на ширењето и промовирањето на говор на омраза во јавниот простор, на некој начин може да се сфати и како нивно оправдување. Молкот и неказнивоста имаат ист ефект како и да се изразува согласност, па и поттикнување. Дотолку пострашно, тоа го охрабрува користењето на говорот на омразата што неизбежно води кон кривични дела сторени од омраза.

Јавноста може да посведочи како омразата на социјалните мрежи и во јавниот простор води кон опасност да предизвика и резултира со дела од омраза, па и акти на политичко насилство.

ГОВОР НА ОМРАЗАТА, ПОТТИКНУВАЊЕ И ПОВИЦИ НА НАСИЛСТВО

Така на пример, пораките на лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев како што се: „Сите ќе ве стреламе“ и „Децата крв ќе ви плукаат“ поттикна закани од неговите симпатизерите дека изреката „децата крв ќе ви плукаат“ не е говор на омраза туку тоа ќе им се случи на сите неистомисленици.Поранешниот член на Антидискриминациска комисија, Тони Науновски, на 25 јануари 2021 година, на Фејсбук објави фотографија на која се гледа како држи вперена снајперска пушка во рацете, при што упати порака: „Кога ќе дојде време за под шатори, со оган ќе се одјавиме. Од Македонија“. Објавата на поранешниот „антидискриминатор“ подоцна е повлечена, меѓутоа предизвика доволно штета.

Во овој случај, мониторингот на ЦИВИЛ регистрираше неколку коментари со омраза и закани. Така, Јове Хаџиевски коментира под статусот: „Викај кога ќе дојде време“, додека Жарко Столески коментира: „1 мил и 100 души доста се… Почињам од Муртино“. Заканувачките пораки се доволно од јасни. Се работи за повик на оружено насилство, а во коментарите тие повици се потврдуваат и детализираат.

КРВАВИ ПРИМЕРИ ЗА ТОА КОН ШТО ВОДИ ГОВОРОТ НА ОМРАЗАТА

Во минатото бевме сведоци дека насилниот упад во Собранието на 27 април, очигледно организиран од инсталациите на режимот на Груевски, користеше експлицитен говор на омраза како главно оружје на пропагандата и мобилизацијата уште од првиот ден по одржувањето на предвремените парламентарни избори во декември, 2016 година, која го означи крајот на владеењето на авторитарната клика на Груевски. Таков беше и говорот на Валентина Божиновска, тогашната претседателка на Комисијата за односи со верските заедници која на протестите пред ДИК најави дека ќе се случи „Ноќ на долгите ножеви“ доколку ДИК одлучи по приговорите спротивно на желбите на ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот премиер и актуелен бегалец од правдата, Никола Груевски, своевремено ги повика граѓаните „да не седат во папучи, туку да си ја одбранат државата“, еден ден пред да почнат протестите „За заедничка Македонија“.

„Ноќта на долгите ножеви“ всушност се случи на 27 април 2017, кога неколку стотини демонстранти од здружението „За заедничка Македонија“, го нападнаа Македонското собрание за да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. По насилството што се случи таа ноќ во Собранието, 27 април го доби името „Крвавиот четврток“, односно, тоа е денот кога се изврши обид за убиство на демократијата!

Ова се само неколку примери кои покрај говорот на омраза поттикнуваа(т) и дела од омраза.

ДЕФИНИЦИИ

Говор на омраза е термин кој означува говор чија намера е да деградира, вознемири, или предизвика насилство или активности врз основа на предрасуди против лица или групи луѓе врз основа на нивната раса, род, возраст, етничка припадност, националност, религија, сексуална ориентација, родов идентитет, хендикеп, јазична способност, морални или политички ставови, социоекономска класа, занимање или изглед (како висина, тежина и боја на коса), ментален капацитет и било која друга особина. Терминот се однесува и на пишана и на усна комуникација, како и некои форми на однесување на јавно место.

Според законот, говор на омраза е секој говор, гестикулација или однесување, пишан текст, или приказ којшто е забранет поради можноста да поттикне насилство или предрасудно дејствување против или од страна на некоја заштитена индивидуа или група, или поради што се деградира или заплашува одредена индивидуа или група.

Според Член 23 од Кривичниот законик за поттикнување на насилство стои:

(1) Тој што друг со умисла ќе го поттикне да стори кривично дело ќе се казни како да го сторил самиот.

(2) Тој што друг со умисла го поттикнува на извршување кривично дело за кое според законот може да се изречат пет години затвор или потешка казна, а нема да се направи ни обид за дело, ќе се казни како за обид на кривично дело.

Законот може да ја препознае заштитената индивидуа или група според одредени карактеристики. Во некои држави, секоја жртва на говор на омраза може да побара надомест според граѓанско, кривично право или обете.

ОБВРСКА НА ИНСТИТУЦИИТЕ

Институциите, не само што имаат право, туку имаат и законска и морална обврска да ги санкционираат поединците и организираните структури кои што шират говор на омраза и поттикнуваат насилство. Отсуството на спроведување на основните функции на системот, водат кон поделби, нестабилност, страв, но и насилство и крвави инциденти.

ЦИВИЛ со години спроведува мониторинг и често ја алармира јавноста за погубните последици од говорот на омразата и поттикнувањето на насилството во јавната комуникација.

Дехран Муратов во соработка со Мониторинг тим на ЦИВИЛ

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор