Македонија не смее да биде земја во која нема слобода на медиуми

На само неколку дена пред одбележување на 3 мај, Ден на слободата на медиумите, во Македонија, по речиси 20 години опстојување, се затворија неколку весници кои некогаш беа бедем на слободното новинарство. На Денот на слободата на медиумите, за жал, Македонија спаѓа во оние земји во кои не постојат слободни медиуми. Тоа го покажува индексот на Фридом хаус за 2017 година според кој се мери слободата на изразувањето и слободата на медиумите. И оваа година на скалата на Репортери без граници Македонија е последна во регионот.
Зад таквиот поразувачки резултат, стои долгогодишното создавање атмосфера на страв, закани од отпуштања новинари од работа, затворање на слободните медиуми и нивно прогласување за државни непријатели. Етикетирање, шиканирање, физички напади, а во некои случаи и затвор за новинарите кои критички ги опсервираат политичките, економските и општествените состојби во земјата. Од друга страна се негуваат и создаваат пропагандистички машинерии, кои шират лаги и невистини затскривајќи се зад новинарската професија.
Затоа, денеска на Денот на слободата на медиумите да ги поздравиме вистинските професионалци во медиумите, колегите кои работат за да се дознае вистината, да се информира јавноста, понекогаш ризикувајќи многу, па дури и својот живот, како што видовме и кај нас во случувањата само пред неколку дена на 27 април.
Оваа година не случајно по повод 3 мај Меѓународниот ден на слободата на медиумите се повеќе се говори за потребата од диференцијација на новинарството од пропагандата, од користењето медиуми не за ширење, туку за контрола на информации, вметнување лажни или двосмислени вести за да ја дезинформираат, збунат јавноста и да и го свртат вниманието на наметнати теми, да поттикнат омраза и насилство кон неистомислениците.
Подметнувањето и ширењето на лажните вести, на пропагандата и користењето на медиумите за манипулација е проблем што дел демократскиот дел од светот започна да го препознава од неодамна, но колегите во Македонија веќе со години го сведочат.
Борбата против ова зло е можна само доколку новинарите и медиумските работници обединети во силен синдикат застанат во првите редови против партиската инструментализација и диктаторско владеење кои го загрозуваат етичкото новинарство и слободата на говорот, како дел од фундаменталните човекови права.
ССНМ нема дилеми дека стандардите и правата одат рака по рака и се предуслов за квалитетно и професионално новинарство и ќе продолжи да работи на враќањето на кредибилитетот на професијата.
Нема да се откажеме од барањата за пристојни плати и подобри услови за работа, вистински плурализам на медиуми и заштита на професионалното и човечко достоинство. Новинарството мора да биде повторно респектибила професија на која и се верува. Македонија не смее да биде земја во која нема слобода на медиуми и слобода на изразување.

The post Македонија не смее да биде земја во која нема слобода на медиуми appeared first on ССНМ.

Продолжи со читање

  • Членовите на Советот на МЦМС ја истакнаа клучната улога на МЦМС во граѓанскиот сектор

    Советот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 28 април 2026 година одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај на организацијата за 2025 година, наративен и финансиски, заедно со Извештајот од независниот ревизор.

  • МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ

    Млади гласови, конкретни чекори: 21–24 април 2026, СкопјеУчесници од: Скопје · Штип · Битола · Струга · Крива Паланка · Центар Жупа Школата за родова еднаквост и локален активизам обедини седум млади луѓе од шест различни општини, со различни искуства и позадини, но со заедничка […]
    The post МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ appeared first on Myla.

  • Европски зелен договор и Зелена агенда за Западен Балкан

    Како Европскиот зелен договор влијае врз нашата иднина? Што значи Зелената агенда за Западен Балкан за младите, бизнисите и заедниците? На настанот кој се одржа во соработка со СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци присуствуваа многу млади лица, претставници од општините, училиштата и институциите. Заедно имавме можност да дискутираме и да научиме нешто повеќе за Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан. Без суштински реформи, јасна визија и политичка волја, Европскиот зелен договор за нас останува повеќе декларативна цел отколку реално достижен пат. Додека сè уште се бориме со основни системски слабости, зборуваме за Европскиот зелен договор како да сме подготвени за иднината, а не сме ги решиле проблемите на сегашноста. Зелената транзиција бара институции, инвестиции и одговорност – три столба што кај нас сè уште не се доволно цврсти за исполнување на европските стандарди. Зелена иднина започнува денес! Да бидеме дел од решението – не од проблемот. Фотографии:

  • Брифинг за медиуми: Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    На 28.04.2026 година ЕСЕ одржа брифинг за медиуми на кој беа презентирани наодите од мониторингот на спроведувањето на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката. Анализата покажува дека Македонија е далеку од потребниот опфат на жени со скрининг, неопходен за навремено откривање и превенција на ова заболување. Во…

  • Соопштение за медиуми – Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка и е далеку од исполнување на целта за опфат на 70% од жените со скрининг до 2030 година со цел целосно искоренување на смртноста од оваа болест, поставена од Светската здравствена организација. Главна причина за ваквата состојба е што Програмата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор