[aggregator] downloaded image for imported item #40907

Кога рецептите стануваат зависност…

Во последните години, Македонија се соочува со тивок, но сериозен проблем – раст на легална зависност од лекови како диазепам и други бензодиазепини. Луѓето што првично побарале помош од лекар, за анксиозност, несоница или стрес, често завршуваат во долготрајна терапија што постепено го менува нивното секојдневие. Дозите се зголемуваат, толеранцијата расте, а потребата за апчињата станува дел од рутината.

Ова не е приказна за злоупотреба во класична смисла — ова е приказна за системска зависност што се создава во рамки на здравствениот систем. Недостигот на јасни протоколи, недоволна едукација за ризиците и верувањето дека „ако е на рецепт, значи е безбедно“ – доведоа до ситуација каде легалната терапија станува уште еден начин на саморегулација, без вистинска поддршка и излез.


Во таа насока, во рамки на проектот NextGEN Harm Reduction, што го спроведува ХОПС – Опции за здрав живот, е создадена Facebook групата „Журкај се безбедно“ – сигурен простор за информирано и одговорно дружење. Во оваа група се дискутираат вакви и слични теми – од ризиците и ефектите на различни супстанции, до прашања за ментално здравје, безбедност при излегување и меѓусебна поддршка. Членовите на групата споделуваат искуства, научно поткрепени информации и совети за безбедност и грижа.

Групата е модерирана и затворена, со цел да обезбеди доверлив и ненападен простор за дискусија, во кој се негува разбирање наместо осуда. Целта не е промовирање на употреба, туку зголемување на информираноста, поттикнување одговорност и градење култура на грижа.


Што мислите вие – дали кај нас доволно се зборува  за легалната зависност?


 

The post Кога рецептите стануваат зависност… appeared first on ХОПС.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор