[aggregator] downloaded image for imported item #39647

Јавен повик до граѓаните на Штип

Гласен текстилец и Гласен синдикат ги покануваат граѓаните на Штип кои поседуваат стари предмети поврзани со текстилната индустрија – шивачки машини, книги, материјали, игли, фотографии, облека, алати и други значајни предмети, да учествуваат во визуелната изложба “Градот што шиеше историја“.

Оваа изложба има за цел да ја овековечи богатата традиција на текстилна индустрија во Штип и да ја нагласи потребата од отворање текстилен музеј во Штип, место каде што ќе ги зачуваме корените на традицијата на луѓето кои се столбот на нашиот град од тоа се текстилните работнички и работници

Изложбата ќе се оддржи во склоп на овогодинешната Текстилијада 9 на 3 и 4-ти Октомври (локацијата ќе ја објавиме дополнително). Сите предмети ќе бидат задолжени и вратени во оригиналната форма на сопствениците по завршувањето на настанот.

Настанот е поддржан од Општина Штип и Меѓународниот центар Олоф Палме, а во соработка со ‘‘Пат на младоста‘‘ – Здружение на Акцијаши волонтери од Штип.

За повеќе информации и пријавување, контактирајте: 077 510 094 и електронската пошта: glasentekstilec@gmail.com

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор