izvidnicki zavet 1

Извиднички завет

izvidnicki zavet 1„Давам чесен збор, дека ќе ја запознаам и сакам својата татковина Република Македонија дека ќе ја прифатам духовната реалност и ќе го барам нејзиното потполно значење, дека секогаш ќе им помагам на луѓето, дека ќе живеам и работам по извидничките закони“ – со овие зборови се заветуваа новите извидници на Извидничкиот поречански одред „Сидро“ на свечена церемонија што се одржа на 17 декември 2016 година во Скопје, во непосредна близина на Камениот мост каде што се наоѓа „сидрото“ симболот на одредот.

izvidnicki zavet 1

Давајќи го заветот, новите извидници станаа дел од семејството на 40 милиони извидници, низ целиот свет. На свечениот настан учествуваа 150 извидници од извидничките одреди од Скопје, и тоа од ИО „Браќа Миладиновци“, ИПО „Јадран“, ИПО „Сидро“ и ИПО „Галеб“.

Покрај новите извидници, на настанот беа присутни и возрасни извидници, ровери, водачи, како и родители, кои беа таму како поддршка на присутните, и се разбира придонесоа кон креирање на прекрасна атмосфера за време на овој свечен извиднички настан.

izvidnicki zavet 2

Церемонијата беше дел од извидничкиот караван, поддржан од Сојуз на извидници на Македонија и Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор