18 04 2017 OWMSVN vesti

Изложба „Жените од Свети Николе низ историјата“

Организацијата на жените на општина Свети Николе на 12 април 2017 година, во соработка со Народниот музеј од Свети Николе, ја реализираше изложбата „Жените од Свети Николе низ историјата“.

На изложбата беа поставени биографии на 31 светиниколчанка, кои зад себе оставиле значајни достигнувања во разни области. Настанот беше посветен на г-ѓа Вера Златева, борец за женските права и покојна прва претседателка на ОЖО Свети Николе. Истражувањето го спроведе Рахела Симеонова Манева, долгогодишна активистка во здружението, заедно со поддршка на целиот тим.

Беше истакнато дека оваа активност нема да застане овде, туку ќе продолжи и во иднина за да се најдат што е можно повеќе податоци за жени- првенки од Свети Николе, кои храбро и рамноправно се бореле за своето место во општеството.

Изложбата е отворена за сите посетители во наредниот период, секој работен ден од 9 до 16 часот.

Организацијата на жените на општина Свети Николе е корисник на институционален грант на Цивика мобилитас. За повеќе информации околу ова, можете да го погледнете нивниот профил.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор