[aggregator] downloaded image for imported item #37106

Издршката на децата: Дали досудената издршка ги задоволува потребите на децата?

Издршката за децата по разводот или разделбата е еден од клучните механизми за обезбедување континуитет и стабилност во нивниот живот. Таа треба да обезбеди не само покривање на базичните трошоци, туку и поддршка за нивниот севкупен раст и развој. Меѓутоа, реалноста покажува дека определувањето, пристапот и примената на издршката честопати не успеваат да одговорат на вистинските и растечки потреби на децата.

Анализата се базира на податоци добиени од 31 испитаничка, жени кои имале искуство во судската постапка за определување на издршката. Основа за подготовка на анализата е прашалник составен од 78 прашања поделени во три главни области:  демографски податоци и карактеристиките на двајцата родители што се важни за утврдување на висината на издршката, како што се работниот статус, имотната состојба, обврските за издржување на други членови на семејството и други; податоци поврзани со разводот или разделбата,  текот и епилогот на судската постапка за определување на издршката, задоволството од досудената издршка и дејствијата кои ги преземаат жените во случај на неплаќање на издршката; податоци за трошоците на жените и условите за живот на децата пред и по разводот или разделбата, како основа за утврдување дали висината на досудената издршка овозможува задоволување на едукативните, рекреативни, воннаставни и други потреби на децата.

Повеќе…

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор