312935702 649558566635648 1634295871784702473 n

Избрани грантистите кои ќе спроведуваат иновативни иницијативи

Комисијата за избор на грантови ги оцени пријавите поднесени на Повикот за грантови за иновативни иницијативи и избра вкупно 25 граѓански организации кои ќе ги спроведуваат нивните проекти во следните шест месеци. Спроведувањето е овозможено со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Повикот беше отворен од 5 до 30 септември 2022 година, на него пристигнаа 39 пријави, а добитници се: 

  • Здружение за европска социјална инклузија ЕСИ НЕЛИС Скопје
  • Здружение за еколошко одржлив развој ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ Скопје
  • Здружение за заштита на животните и животната средина ЕДНАКВОСТ, ДОСТОИНСТВО, ЕМПАТИЈА, НАТУРАЛИЗАМ Скопје
  • Здружение за култура, образование, уметност, спорт и издавачка дејност, ИНТУИТА Тетово
  • Здружение за култура, уметност, образование, спорт, медиа и издавачка дејност АЛБАНИКА ЕТ Тетово
  • Здружение за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ – Битола
  • Здружение за мултикултурна интеграција ИНКЛУЗИЈА Охрид
  • Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. Прилеп
  • Здружение за рурален развој Локална Акциона Група ЛАГ СКАРДУС с. Јегуновце, Јегуновце
  • Здружение МЛАДИНСКИ СОВЕТ Прилеп
  • Здружение на граѓани за здравствена, социјална и образовна поддршка ИНИЦИЈАТИВА ЗА РАЗВОЈ И ИНКЛУЗИЈА НА ЗАЕДНИЦИТЕ Скопје
  • Здружение на граѓани ИНТЕГРАЦИЈА НА РОМИТЕ – Гостивар
  • Здружение на граѓани Центар за едукација и развој, Теарце
  • Здружение на граѓани Центар за истражување и анализи НОВУС Струмица
  • Здружение на граѓани Центар за одржливи иницијативи Скопје
  • Здружение Организирана Асоцијација на Младите Гостивар
  • Здружение Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
  • Невладина организација КХАМ Делчево
  • Планинарски спортски клуб КАБ СТРУГА 2017
  • Ромска Асоцијација за жени и млади Лулуди Скопје
  • Фондација ИМПАКТ НЕТ-лидери во мисија за мир, слобода и просперитет Велес
  • Хуманитарно здружение за помош и поддршка на лица со посебни потреби БРАВУРА КООПЕРАТИВА Делчево
  • Хуманитарно Здружение МАЈКА Куманово
  • Центар за младински активизам ЦМА-Крик Скопје
  • Центар за развој на заедницата СВЕТЛА ИДНИНА Кочани

Избраните грантисти се од сите осум региони, а ќе делуваат локално и на ниво на градот Скопје. Вкупната поддршка за овие иновативни иницијативи изнесува 7.500.000 МКД.

Предложените иновативни иницијативи идентификуваа проблем во заедницата за кој било ветено решавање или, пак, решение за кое било ветено остварување (во изборната програма) од страна на локалната власт и/или е вклучено во тековната програма на локалната самоуправа. Грантистите ќе ја мобилизираат заедницата да ги потсети локалните власти на нивните дадени ветувања.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор