Screenshot

Источниот плански регион со отвореност од 29% во споредба со Скопскиот со 21%

ФРЛЗ беше една од осумте организации кои заедно со Метаморфозис учестуваа во спроведување на мерење на отвореноста на општините од 1 јуни до 15 јули 2021.

Транспарентноста, совесноста, пристапноста и интегритетот беа четири области на кои беше извршен мониторинг, како и заедничкиот домен присутен во сите-отворените податоци.

Пандемија со КОВИД-19 со која се соочивме уште повеќе ја потенцираше потребата за брзо и ефикасно работење на властите, а со тоа и на локалната самоуправа. Во вакви вонредни услови на  драстични ограничувања во слободата на движење на граѓаните се покажа колку е важна транспарентноста во работењето на единиците на локалната самоуправа.

Истражувањето за 2021 година покажа дека повеќето општини не работат доволно за да ги задоволат стандардите за отвореност. Резултатите во областите укажуваат на тоа дека ЕЛС применуваат  ниски стандарди за консултации, транспарентност, мониторинг и контрола во нивното работење. Иако просечните вредности се ниски, постојат општини што континуираат покажуваат солидни резултати. Општина Штип ја покажа својата отвореност со 39% и е една од 12-те општини кои за прв пат оваа година објавија на своите веб-страници податочни сетови во машински обработлив формат, додека пак целиот Источен регион во под-областа на организациски информации се рангираше на второто место со 50% како и во под-областа мониторинг и евалуација со 13%.

Обработувајќи ги податоците наидовме на многу позитивности и негативности. Многу мал број на општини на своите веб-страни објавуваат детални информации за јавните претпријатија и нивното работење. Меѓутоа резултатите се секаде различни па така можеме да кажеме дека иако просечните вредности се ниски сепак има голем број на општини кој навистина ја покажаа својата отвореност преку податоците на нивната веб-страница и прашалникот одговорен од нивна страна.-изјави Давид од ФРЛЗ.

Во иднина се надеваме на повторна соработка и поголем процент на отвореност на општините. Со самото овозможување граѓаните навремено да ги добиваат соодветните информации од локалните заедници, на начин кој е разбирлив за нив, би придонело за многу подобар резултат кој е лесно достиглив во иднина.

БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ      

Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 830 милиони долари во Северна Македонија од 1993 година досега. УСАИД е водечка меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до развојни постигнувања. Работата на УСАИД ја унапредува националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја отсликува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој. За повеќе информации за работата на УСАИД во Северна Македонија, посетете ја нашата веб-страница https://www.usaid.gov/north-macedonia и следете нѐ на YouTube, Твитер и Фејсбук.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор