Website covers and thumbnails

И ПОСЛЕ Сѐ, ПРОБЛЕМИ СО РОДОТ – Критички истражувања за родот, полот и сексуалноста

Го објавуваме и дигитално изданието И ПОСЛЕ Сѐ, ПРОБЛЕМИ СО РОДОТ – Критички истражувања за родот, полот и сексуалноста,зборник што произлезе од потребата да се создаде простор за колективно критичко мислење во услови на растечка антиродова реторика и засилен неоконзервативен притисок. Наместо да се прифати окупацијата на јавниот дискурс, ова издание ги враќа поимите во нивната аналитичка и еманципаторска димензија и нуди алатка корисна за студенти, наставници, академски работници и пошироката јавност.

Структурата на зборникот се движи низ широк опсег дисциплини, од историја, филозофија и политичка економија, до биологија, неврологија, антропологија, социологија, теории на телесноста, југословенски социјализам и современи квир студии, со цел да се поврзат знаења што ги расклопуваат антиродовите митови и ги демистифицираат идеолошките операции на антиродовите движења.

Изданието ги спојува темелните теории на Џоан Валах Скот, Џудит Батлер, Гејл Рубин, Барбара Џ. Рисман и Џорџијан Дејвис со регионалните историографии на Ивана Хаџиевска, Ивана Пантелиќ и Адријана Захаријевиќ; истражувањето на Франко Дота за раниот хомофилен активизам; постколонијалните анализа на Марија Лугонес, Серена Нанда и Џени Андрин Мадсен Еванг; марксистичките согледувања на Холи Луис и Ненси Фрејзер; како и современите научни ревизии на биолошкиот бинаризам кај Џоан Рафгарден, Мајра Џ. Херд, Закари Дубоа, Хетер Шатак-Хајдорн, Хајд, Биглер, Џоел, Тејт, Ван Андерс и Агустин Фуентес.

Публикацијата е достапна за преземање на: https://coalition.org.mk/wp-content/uploads/2025/11/I-POSLE-SE-PROBLEMI-SO-RODOT_DIGITAL.pdf 

Доколку сакате физичка копија од изданието во следниот период ќе носиме бесплатни примероци на нашите настани, каде што секој ќе може да земе примерок.

Одговорни уредници/чки на публикацијата се: Славчо Димитров, Мања Величковска и Сара Миленковска. 

Главна одговорна за преводот од англиски јазик беше Грација Атанасовска, чија работа ја носи речиси целата тежина на оваа книга. Останатите преводи од англиски јазик се на уредниците/чките, а републикуваните преводи се на Габриела Ивановска, Елизабета Шелева и Роберт Алаѓозовски.

За дизајнот благодарни сме му на Дарко Алексовски, кој стои зад визуелното решение и успеа да го нареди овој лавиринт од дисциплини, автори и аргументи во една јасна, логична и визуелно силна целина. 

Лектурата е на Виолета Танчева-Златева, а печатењето на ДАТА-ПОНС – Скопје.

Материјалот е реализиран од страна на Коалиција МАРГИНИ, а е целосно или делумно финансиран од Heinrich Böll Foundation – Sarajevo, Шведска и Фондацијата Kvinna till Kvinna, кои не мора нужно да се согласуваат со изнесените ставови. За содржината единствено се одговорни уредниците и авторите на текстовите.

Ја цениме можноста што во овие прекаријатни услови можеме да работиме на она во што навистина уживаме: да отвораме простор, да поврзуваме знаења, да градиме контекст каде критичкото мислење е жива, секојдневна практика.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Членовите на Советот на МЦМС ја истакнаа клучната улога на МЦМС во граѓанскиот сектор

    Советот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 28 април 2026 година одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај на организацијата за 2025 година, наративен и финансиски, заедно со Извештајот од независниот ревизор.

  • МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ

    Млади гласови, конкретни чекори: 21–24 април 2026, СкопјеУчесници од: Скопје · Штип · Битола · Струга · Крива Паланка · Центар Жупа Школата за родова еднаквост и локален активизам обедини седум млади луѓе од шест различни општини, со различни искуства и позадини, но со заедничка […]
    The post МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ appeared first on Myla.

  • Европски зелен договор и Зелена агенда за Западен Балкан

    Како Европскиот зелен договор влијае врз нашата иднина? Што значи Зелената агенда за Западен Балкан за младите, бизнисите и заедниците? На настанот кој се одржа во соработка со СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци присуствуваа многу млади лица, претставници од општините, училиштата и институциите. Заедно имавме можност да дискутираме и да научиме нешто повеќе за Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан. Без суштински реформи, јасна визија и политичка волја, Европскиот зелен договор за нас останува повеќе декларативна цел отколку реално достижен пат. Додека сè уште се бориме со основни системски слабости, зборуваме за Европскиот зелен договор како да сме подготвени за иднината, а не сме ги решиле проблемите на сегашноста. Зелената транзиција бара институции, инвестиции и одговорност – три столба што кај нас сè уште не се доволно цврсти за исполнување на европските стандарди. Зелена иднина започнува денес! Да бидеме дел од решението – не од проблемот. Фотографии:

  • Брифинг за медиуми: Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    На 28.04.2026 година ЕСЕ одржа брифинг за медиуми на кој беа презентирани наодите од мониторингот на спроведувањето на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката. Анализата покажува дека Македонија е далеку од потребниот опфат на жени со скрининг, неопходен за навремено откривање и превенција на ова заболување. Во…

  • Соопштение за медиуми – Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка и е далеку од исполнување на целта за опфат на 70% од жените со скрининг до 2030 година со цел целосно искоренување на смртноста од оваа болест, поставена од Светската здравствена организација. Главна причина за ваквата состојба е што Програмата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор