Хелсиншки комитет одбележува 30 години борба за унапредување и заштита на човековите права
На свеченоста на Правниот факултет во Скопје, присутните професори, правници, претставници на граѓанските организации и на медиумите и бројните гости имаа можност да видат дел од документарниот филм на Борјан Јовановски, во кој првиот претседател и основачот на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права, Мето Јовановски се потсетува на почетоците, растот и предизвиците при основањето на организацијата.
Отварајќи го свечениот настан, Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права порача: „Ние сме, сме биле и верувам дека и во иднина ќе бидеме соочувани со предизвици, ризици и напади врз нашата егзистенција. Но тоа успешно го надминавме. Самата бројка од 30 години зборува за капацитетот и движечката сила која може да ги надмине сите предизвици и сите ризици за нејзиното постоење…
This post was originally published on this site