Poster

GREEEN настан: Наставници и ученици во акција за одржливо образование

Со огромно задоволство ве покануваме на настан преку кој ќе се одбележи успешната соработка помеѓу наставници и ученици, кои заедно создадоа значајни едукативни материјали, интегрирајќи теми од уметност, технологија, природни и општествени науки. Овој настан ќе биде вистинска инспирација за вашиот професионален развој. На него ќе бидат претставени:

  • Прирачник за претприемништво – нови идеи кои ќе ве инспирираат да ги водите учениците низ светот на претприемачките предизвици.
  • Прирачник за воннаставни активности – креативни решенија кои ќе ви помогнат да ги инспирирате учениците да се изразуваат и учат надвор од училницата.
  • Онлајн лекции – нови дигитални ресурси кои ќе го збогатат вашето наставно искуство.
  • Презентација на најдобрите еколошки иницијативи и претприемачки проекти – извонредни примери на иновации и еколошки проекти во кои учениците активно учествуваа.
  • Статии од онлајн весник, создадени од учениците– кои се фокусирани на еколошки прашања и претприемништво – учениците ќе ги споделат своите истражувања и идеи за одржливост, заштита на животната средина и иновации во претприемачкиот сектор. Дополнително, ќе ви споделиме како да подготвите статија која ќе го привлече вниманието на читателите.
  • Презентација на стрип – едно поинакво и визуелно инспиративно искуство.
    Ќе ви бидат претставени основи на подготовка на стрип од развој на ликови и дијалози до целосна реализација.
  • Основи на дизајн–  Како визуелно да ги привлечете учениците во наставата

Ако не сте во можност да присуствувате лично или сте надвор од Скопје, настанот ќе биде достапен онлајн преку платформата Zoom. (Ви овозможуваме потполно виртуелно искуство, така што можете да бидете дел од овој инспиративен едукативен настан, без разлика на вашето место на живеење.

Пријави се. Поврзи се. Инспирирај се. Научи. Сподели. Развивај се себе и учениците.

Бројот на учесници е лимитиран. Од таа причина, ќе биде врз принципот “прв дојден- прв услужен“, но истовремено земајќи го во предвид искуството во областа.

Настанот е организиран од страна на Здружението на граѓани Еко Логик и ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес, во рамки на проектот „GREEEN“, поддржан од Националната агенција за европски програми и мобилност.

OTHER Activities Events News





Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина "ECO - LOGIC"

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор