Грантистите од програмата „Човековите права во практиката“ се запознаа со процесот на УПП

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, додели седум грантови од програмата „Човековите права во практиката“ во рамки на проектот „Заедничка акција за човекови права“. Организациите ќе работат на проекти во една од приоритетните области на Универзалниот периодичен преглед на Обединетите нации.

На 17 и 18 јули во Скопје се одржа работилница за организациите Центар за европска граѓанска иницијатива, Легис, Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Двојна надеж, Здружение за сексуални и родови малцинства Квир Центар – Скопје, Здружение Мултикултура и здружението на граѓани Ромаверзитас кои се добитнички на грантовите.

На работилницата на организациите им беа презентирани насоките за административно и финансиско работење, како и правилата за видливост од страна на тимот на ЕПИ. Дополнително, организациите ги презентираа целите и очекуваните резултати од своите проекти.

Освен меѓусебното вмрежување и запознавање со проектите на дводневната работилница се одржаа и предавања и дискусии за подобро запознавање на избраните организации со процесот на подготвување на Универзалниот периодичен преглед и нивната улога во давањето препораки и лобирањето пред релевантните тела.

За подготовката на УПП зборуваа Тања Темелкоска – советничка за човекови права во канцеларијата на Постојниот координатор на Обединетите нации во земјава, Тања Диневска од Министерството за надворешни работи и Игор Јадровски – како експерт со искуство во подготвувањето на препораки за УПП.

Биљана Гинова, УПП експертка на учесниците на работилницата им го разјасни процесот на подгоотвување препораки за УПП и направи поврзување на УПП со ЕУ. Повеќе практични искуства од учество во УПП процесот споделија Елена Кочоска од Полио Плус – движење против хендикеп, Светлана Црвеновска од Македонското здружение на млади правници и Наташа Бошкова од Коалиција Маргини.

Грантистите своите проекти ќе ги спроведуваат во следните осум месеци, а првите месеци ќе ги постветат на подготвување препораки за Универзалниот периодичен преглед на ОН.

Грантовата шема „Човековите права во практиката“ се спроведува во рамките на проектот „Заедничка акција за човекови права“, кој го спроведува ЕПИ, а е финансиран од Европската Унија.

The post Грантистите од програмата „Човековите права во практиката“ се запознаа со процесот на УПП appeared first on EPI.

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор