Ana Lind Event .jpg

Градење врски, создавање можности: Македонската мрежа на Ана Линд Фондација со настан за вмрежување

На 17 септември 2024 година, во Јавна Соба, членовите на македонската мрежа на Ана Линд се сретнаа по повод настанот „Градење врски, создавање можности“ организиран од координаторите на мрежата, АЛДА за Балканот.

22 членки на мрежата беа дел од трите сесии посветени на вмрежување и интеракција, а модерирани од страна на Симона Славкова, проектен асистент при АЛДА за Балканот и одговорна за активностите на Ана Линд во Македонија.

Првата сесија беше панел дискусија со четворица панелисти: Арбен Вила (My Mobility), Лилјана Јоноски (Рурална Коалиција), Самет Шабани (Хоризонт Цивитас) и Надир Реџепи (InSoc), кои ги споделија своите успешни приказни и практики што ги применуваат во своите организации, инспирирајќи ги присутните членки.

Вториот дел од настанот им овозможи на учесниците да работат во групи, каде што размислуваа за целите, очекувањата и нивниот придонес за мрежата, при што произлегоа креативни и иновативни идеи. 

Последната сесија беше посветена на споделување на активни повици и проекти од членките. Говорници беа Ивана Велкова (АЛДА), која го претстави повикот за практиканти новинари во рамките на проектот „Медиумите за ЕУ“, Самет Шабани (Хоризонт Цивитас), кој го претстави повикот за учесници за Медитеранска младинска академија за култура и дијалог во соработка со организации од други земји членки на Ана Линд Фондација, Марија Георгиевска (Билкилајф), која ја претстави хербалната акцијата за собирање кесички чај, Марјан Ицоски (АРНО), кој го презентираше петтиот повик за проектот RISE, Маја Варошлија, која го презентираше проектот BOOST на кој работи тимот на АЛДА, Лилјана Јоноски (Рурална Коалиција), која го најави тематскиот форум “Вклучена заедница за отпорност на корупција„ и Зоран Илески (СЕГА), кој ги презентираше регионалните младински консултации за унапредување на Законот за младинско учество и младински политики.

Настанот заврши со неформален коктел и дружење, каде што членките изразија желби за идни соработки, како меѓусебно, така и со членки од други држави на мрежата на Ана Линд Фондација.

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор