Img 3485.jpg

Формирање на мрежата на Фондацијата Ана Линд во Македонија: Поттикнување на дијалог и соработка

На 19 март 2024 година, со првиот состакон за формирање на Мрежата на Фондацијата Ана Линд, беше направен значаен чекор кон поттикнување на меѓукултурниот дијалог и соработка во Македонија. Настанот беше организиран од АЛДА во Скопје, и обедени претставници од 13 македонски граѓански организации кои работат на различни полиња.

Состанокот започна со сеопфатна презентација за историјата, целите и активностите на Фондацијата Ана Линд. Учесниците добија увид во различните програми, можностите за финансирање и иницијативите за соработка. Претставниците на АЛДА исто така го презентираа процесот на воспоставување на мрежата и како и временската рамка, по што следеше сеопфатна дискусија.

Покрај подготвената програма, состанокот даде простор за неформално вмрежување, каде што претставниците споделија за нивната тековна работа, идните напори и потенцијалните точки на соработка во рамките на мрежата. 

Дискусиите беа посветени на идентификување на заедничките цели и истражување на можностите за заеднички проекти во рамките на мрежата на Фондацијата Ана Линд. Воспоставувањето на мрежата не само што означува пресвртница во поттикнувањето културна размена и разбирање, туку и го отвора патот за различни заеднички иницијативи. 

Основана во 2004 година, Фондацијата Ана Линд е формирана како платформа за интеркултурна размена, обединувајќи над 4000 граѓански организации од различно потекло. Со фокус на различни полиња, вклучувајќи ги меѓукултурните односи, човековите права, образованието и одржливиот развој, влијанието на Фондацијата одекнува преку границите.

Придружете се на мрежата на Фондацијата Ана Линд и бидете катализатор на позитивни промени. Оваа динамична мрежа е посветена на промовирање на меѓукултурниот дијалог и меѓусебното разбирање. Со тоа што ќе станете член, ќе се поврзете со истомисленици, ќе добиете пристап до ексклузивни ресурси и ќе играте важна улога во градењето на поинклузивно и похармонично општество. Станете дел од ова инспиративна мрежа со пополнување на апликацијата. https://annalindhfoundation.org/node/add/member 

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор