1000017003.jpg

Покана за Форум за екотуризам преку регионални практики

Почитувани,
Здружение за екологија,туризам,органско производство и истражувачка дејност Еко Партнерс има чест да Ве покани на 5-ти „Форум за еко туризам преку регионални практики ,на 09.11.2024 во 10.00 часот во хотел Александар Палас.
На Форумот со задоволство Ве информираме вклучени се експерти од Хрватска ,Србија ,Црна Гора и од нашата земја.
Екотуризмот е еден од најбрзорастечките сектори во туристичката индустрија, со годишна стапка на раст од 20-34%
• Повеќе од 1 милијарда патувања годишно се прават во потрага по туризам и екотуризам базиран на природата
• Екотуризмот придонесува за зачувување на биолошката разновидност и промовира одржлив развој во локалните заедници
• Околу 20-30% од меѓународните туристи се сметаат за екотуристи
• Просечната годишна стапка на раст за меѓународните пристигнувања во екотуризмот се проценува на 6%
• Екотуризмот поддржува вработување на милиони луѓе ширум светот
• Над 55% од екотуристичките оператори имаат усвоено одржливи практики насочени кон зачувување на природните ресурси
• Просечното времетраење на престојот за екотуристите е 10 дена, повисоко отколку за конвенционалните туристи.
Во Македонија се очекува позитивен развој на еко-туризмот во областите во кои се поддржува и стимулира одржливоста на културните и природни убавини на дестинациите,воведувајќи го еко-туризмот се креираат нови туристички атракции, се зајакнува локалната заедница,се развива услужната дејност и претприемништвото на локалното население,и се создаваат услови за нови зелени работни места и оддржливост на дестинациите.
Во прилог Ви испраќаме Агенда и покана за Форумот.
Ве замолуваме за Ваша потврда за присуство најдоцна до 30 октомври до 14.00 часот,на маил: ekopartners@yahoo.com;
Со почит,

Тимот на Еко Партнерс

078/232403
 
ЕКО ПАРТНЕРС 
– Здружение на граѓани за екологија, туризам, органско производство и истражувачка дејност

ул. Никола Тесла бр.54 – Гостивар

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор