Ruralna Koalicija E1578061827416 150x99.png

Годишно интервју на извршната директорка на Рурална Коалиција во Македонското радио

Што Рурална Коалиција сработи во 2024 година? Какви се плановите за 2025 година?

📣Во гостувањето на Македонското Радио, нашата извршна директорка, Liljana Jonoski ги истакна најзначајните достигнувања од работата на организацијата во 2024 година и тоа: поддршката на младите во нивните активности во локалната заедница преку формирање на локални младински совети, но и поддршка во подготовката на бизнис планови за инвестиции во руралниот развој и туризам, понатаму говореше за поддршката на жените во руралните средини и застапувањето за измените на Законот за здравствено осигурување и обезбедување на платено породилно боледување и боледување при повреда на работното место, но и директна реализација на активности кои што ќе придонесат за нивно економско јакнење и социјална инклузија во локалната заедница

📣Во интервјуто се говореше и за учеството на Рурална Коалиција во мерењето на Индексот за отвореност на локалната самоуправа во соработка со Metamorphosis Foundation а во рамките на програмата на Civica Mobilitas, а се говореше и за првите локални иницијативи за справување со климатските промени како што е изработката на Локални еколошки акциски планови за општините Општина КичевоОпштина Пласница и Општина Македонски Брод, но и реновирањето на локалната воденица во село Свињишта во рамките на ЛАГ Треска/LAG Treska

📌Освен достигнувањата, во гостувањето беа споменати и проектите и плановите за работа за 2025 година, па така говоревме за проектот “Патот до селото: Создавање на одржлив рурален развој во срцето на природата“ каде што со поддршка на CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust – PONT кој што е насочен кон зајакнување на туристичкиот потенцијал и капацитетите на населението во руралните средини во насока на заштита и промоција на природата во еколошкиот коридор Илинска-Плакенска планина, но и за унапредувањето на родовата еднаквост и создавање на родово-одговорни одржливи заедници што како подвиг го реализираме во соработка со HERA и British Embassy Skopje

📌Кога сме кај родовата еднаквост ја споменавме и новата тематска област на која што ќе ги насочиме нашите капацитети со поддршка на Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство а тоа е справување со родово-базираното и сексуално насилство во локалната заедница

📢За прв пат имаме и видео запис на нашето годишно работење кое што во секој момент може да го преслушате на нашиот YouTube канал со пристапување на следниот линк.

📌Огромна благодарност до МРТВ за следењето на нашата работа и остануваме посветени на нашата работа и внесувањето на позитивни промени во локалната заедница во текот на цела 2025 година!

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Рурална коалиција Кичево

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор