Analiza4.jpg

Главни економски аргументи за инвестирање во ПРОГРАМАТА ЗА РАНА ДЕТЕКЦИЈА И СКРИНИНГ НА МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА

ДАЛИ ПРЕВЕНЦИЈАТА Е ПРИОРИТЕТ ЗА МАКЕДОНИЈА?

Македонија за да обезбеди поздраво општество, глобално поконкурентна работна сила, пониски трошоци за здравство, посилен економски развој и повисоко ниво на еднакви можности за секого, треба да инвестира во повисоко ниво на превентивна заштита.

Иако од година во година буџетот на Министерството за здравство и буџетот за превентивни програми во апсолутни вредности растат, сепак во релативни вредности во однос на Буџетот на државата постојано се намалуваат. Што укажува дека ниту здравството, ниту превенцијата како сегмент од здравството, не претставуваат приоритет на Македонија (исклучок е 2021 година заради КОВИД вакцинацијата) и државата не ги алоцира максимално расположливите средства за спречување на појавата на заболувањата. Тоа значи дека државата нема проактивен однос кон потребите и заложите за превенцијата како најдобра инвестиција за здрава популација.

ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА РАНА ДЕТЕКЦИЈА И СКРИНИНГ НА МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА

Што се однесува до Програмата за рана детекција и скрининг на малигни заболувања, истата во апсолутни вредности има практично непроменливи вредности, а од релативен аспект има мало и опаѓачко учество во превентивните програми за Министерството за здравство и маргинален, а сепак опаѓачки процент од Буџетот на Министерството за здравство. Учеството во последниот период (со исклучок на КОВИД годините) е околу 3.5%-4% од буџетот на превенција на државата, односно 0.3% од буџетот на Министерство за здравство. Опфатот на програмата, од друга страна, постојано се зголемува со нови потпрограми за скрининг на повеќе малигни заболувања, што е еден индикатор дека потребите во програмата не се адекватно буџетирани. Имено, доколку претходно опфатените активности се целосно финансиски обезбедени, секоја нова воведена активност е потребно да ги зголемува буџетските средства потребни за програмата, што не е случај, односно може да се заклучи дека активностите (стари и нови) не се адекватно финансирани.

Целата анализа можете да ја преземете на следниот линк

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор