20170517 IDSCS vesti

Формирана Мрежа за подобра легислатива во рамки на проектот „ПВР во сенка“

Се формираше „Мрежа за подобра легислатива“ составена од десет граѓански организации кои ќе го следат процесот на проценка на влијание од регулативата (ПВР) кога ќе се носат или менуваат законите и ќе ја проценат можноста за вклучување на граѓанските организации. Членките на мрежата во рамки на проектот „ПВР во сенка“ ќе анализираат и како во минатото се спроведуваше оваа постапка која треба да обезбеди носење на добри и долготрајни закони засновани на докази, истражувања и широко учество на сите засегнати групи.

„Во делот на вклучувањето на граѓанските организации, тоа ќе биде преку „Мрежата за подобра легислатива“, но ќе воспоставиме соработка и со други организации кои работат на ова поле. Со проектот предвидени се целни обуки за организациите во насока на ПВР, за застапување и истражување. Ќе имаме работни групи кои ќе работат на конкретни закони и во зависност од планот кој ќе го донесе Владата ќе одбереме закони кои ќе бидат интересни и на кои како граѓански организации ќе спроведеме ПВР, а истото ќе го правиме и на веќе донесени закони кои содржат ПВР“, изјави Ивана Најдоска од ИДСЦС.

Марјан Николов од ЦЕА ја сумираше основната потреба од овој процес за државата и општеството. „Проценката на влијание од регулативата е всушност процес кој овозможува систем кој би требало да обезбеди ефикасност и ефективност на алокација на јавни ресурси. Со проектот би ја поддржале Владата и министерствата во овој сосема едноставен процес бидејќи ПВР е процес на систематичност во работата на една Влада со целата администрација за да се постигнат некои цели во најмал временски период, со најмали трошоци и со цел да се придонесе кон благостостојбата на граѓаните“ .

Гордана Димитровска од Министерството за информатичко општество и администрација – МИОА наведе дека е добро што по неколкумесечна пауза ПВР процесот повторно се враќа на јавната агенда и дека токму тој треба да обезбеди носење одлуки основани на докази, истражувања и факти.

Финални корисници на проектот се граѓаните. Доброто спроведување на ПВР ќе придонесе кон повисок квалитет на легислативата, зголемена вклученост на граѓаните, зголемено ниво на законска сигурност, подобро финансиско планирање и зголемена транспарентност на политичките процеси. Проектот посветува особено внимание кон создавање на врски помеѓу актерите од граѓанското општество и државните институции.

Проектот го спроведуваат Институтот за демократија – ИДСЦС. Со буџет од ЕУР 332.099 тој е финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија со удел од ЕУР 298.889, чии активности ќе се имплементираат во период од јануари 2017 до декември 2019 година.

Институтот за демократија– ИДСЦС е институционален грантист, а Центарот за економски анализи– ЦЕА е корисник на специфичен акциски грант од Цивика мобилитас.

[WPSM_AC id=4658]

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор