FN godisno sobranie 142016 1

„Флоренс Најтингејл“ одржа годишно собрание

FN godisno sobranie 142016 1Мултиетничко здружение „Флоренс Најтингејл“ од Куманово на 28.03.2016 година го одржа годишното собрание на кое беа поканети и учествуваа членови на раководството, на Надзорниот и на Советодавен одбор како и конституенти на организацијата.

FN godisno sobranie 142016 1

Со Собранието претседаваше г-ѓа Адвије Љатифи, претседателката на здружението. Таа го презентираше годишниот извештај на организацијата за 2015 година кој беше едногласно усвоен. Таа ги запозна присутните со активностите што организацијата ќе ги спроведува во 2016 и се задржа на новиот проект што ќе се спроведува во партнерство со Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) од Гостивар. Соработката на двете организации произлезе од заедничките средби, форуми и работилници за вмрежување на Институционалните грантисти на Цивика мобилитас.

Стратегијата за работа 2016-2018 година која беше изработена како дел Повеќегодишниот план на организацијата поддржан од Цивика мобилитас ја презентираше доц. д-р Марјан Младеновски.

FN godisno sobranie 142016 2

Собранието ги изгласа и членовите на Надзорниот и на Советодавен одбор, а потоа присутните разговараа за нови идеи за идни активности на организацијата со кои би влијеле на подобрување на мултиетничките односи во кумановскиот регион. Една од темите за кои разговараа беше и поддршката на жртвите на семејно насилство јавно да проговорат и го искажат својот проблем.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор