SVF FB.2022 web

Фестивал на биодиверзитет 2022

Ве покануваме да земете учество на манифестацијата “Фестивал на Биодиверзитет”, кој го организира конвивиумот „Слоу Фуд Водно“, оваа сабота 02.07 2022 од 10-18 часот во Парк на франкофонијата, Скопје.

Да ги откриеме вкусовите на локалниот зеленчук и овошје, традиционалните сирења и месни производи, да ги дегустираме и потоа препорачаме на нашите пријатели. Заедно да ја подигнеме јавната свест за значењето на локалниот биодиверзитет на храна. Да им помогнеме на малите производители во заштитата, промоцијата и валоризација на локалната и автентична храна, што  ќе придонесе за  економски развој на руралните средини и транзиција кон еколошки одржливо опшество.

ПОВЕЌЕ: Фестивал на биодиверзитет 2022

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор