24 12 2025

ОБУКА ЗА РЕШЕНИЈА ЗАСНОВАНИ НА ПРИРОДАТА ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

Денес, во општина Кисела Вода, ја одржавме последната едукативна обука во рамките на циклусот посветен на Решенија базирани на природата (NbS), имплементиран преку соработка помеѓу Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН и целните општини Ѓорче Петров, Карпош и Кисела Вода.
24-12-2025_2.jpg
Настанот го отвори градоначалничката г-ѓа Бети Стаменкоска Трајкоска, која во своето воведно обраќање ја истакна важноста на урбаното зеленило за благосостојбата на животната средина и јавното здравје, нагласувајќи ја подготвеноста на Општината да ги примени принципите на NbS во идниот урбан развој на општината.
На обуката учествуваа претставници од општинската администрација, локалните институции, образовните установи и граѓанското општество. Учесниците истражуваа:

  • улогата на урбаното зеленило во намалувањето на загадувањето на воздухот и подобрувањето на квалитетот на воздухот
  • пристапи базирани на природата за управување со атмосферските води и намалување на ризикот од поплави
  • мерки за намалување на ефектот на урбан топлински остров
  • важноста на биодиверзитетот и зелената инфраструктура за зајакнување на локалната климатска отпорност

Оваа активност беше имплементирана во рамките на проектот „Решенија базирани на природата за унапредување на ублажувањето на климатските промени во Градот Скопјe“, поддржан од Амбасадата на Канада преку Канадскиот фонд за локални иницијативи (CFLI), со цел да се поттикне систематски пристап кон урбаното зеленило и интеграцијата на NbS во локалните политики и плански документи.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор