54586513034 436087ce16 c 768x512

Донаторски кружок 2025: Заедно за безбедна младешка љубопитност

На 12 јуни 2025, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје учествуваше на Донаторскиот Кружок организиран од Конект, настан кој обедини над 120 граѓани и компании во заедничка мисија за подобро општество. Преку оваа иницијатива беа собрани 683.000 денари за поддршка на три граѓански организации, од кои една беше и ХОПС.

Нашата иницијатива е насочена кон едукација на младите за безбедност при експериментирање со дроги во ноќни клубови, паркови и фестивали. Истражувањата покажуваат дека 70% од младите експериментираат со дроги без да имаат пристап до проверени информации и поддршка. Затоа, средствата обезбедени преку овој настан ќе помогнат стручните лица на ХОПС да бидат советници  на терен – подготвени да одговорат на прашања, да понудат помош и да промовираат здрави животни избори.

Донаторскиот Кружок 2025 уште еднаш ја потврди важноста на колективното давање како двигател за позитивни промени. Благодарение на поддршката од граѓаните и корпоративните донатори, оваа иницијатива не само што ќе ја зајакне работата на ХОПС, туку и ќе придонесе за посигурна иднина на младите во нашата заедница.

Да градиме заедно хумано и солидарно општество. Поддржете не: www.hops.org.mk/donacii

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор