[aggregator] downloaded image for imported item #37111

Документ за информирање на политики – Унапредување на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката преку вклучување на матичните лекари – специјалисти по семејна медицина

Контекст и значење на интервенцијата

Ракот на грлото на матката претставува значаен јавно-здравствен предизвик во Северна Македонија. Ефикасен организиран скрининг е клучен за рано откривање на преканцерозни лезии и спречување на инвазивна болест. Моменталниот модел на скрининг главно се потпира на гинеколозите, но недоволниот број на матични гинеколози во одредени региони води кон нискаопфатеност со ПАП-тест. Иако во последните години се забележува пораст во опфатот на жени, сепак постои нееднаков пристап до скринингот кај жените во руралните средини, ромските заедници и во другите средини каде што нема матични гинеколози. Оваа состојба укажува на итна потреба од проширување на овој модел преку вклучување на матичните лекари – специјалисти по семејна медицина во спроведувањето на скринингот на ракот на грлото на матката. Вклучувањето на матичните лекари, специјалисти по семејна медицина, може да ја зголеми достапноста и опфатеноста со скринингот, особено во руралните средини и општините каде што нема матични гинеколози.

Повеќе…

Документ за информирање на политики – Унапредување на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката преку вклучување на матичните лекари – специјалисти по семејна медицина

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор