[Aggregator] Downloaded image for imported item #43574

Добиен партнерски грант од Цивика мобилитас

Конект во партнерство со Фондација Аполонија од Гевгелија го добија партнерскиот грант од Цивика Мобилитас насловен „Промени за одржливост“.

Специфични цели на грантот

  • Подобрување на системот за користење даночни поттикнувања за донации кон ГО
  • Намалување на бариерите за финансиски услуги за ГО што произлегуваат од регулативите за спречување перење пари и финансирање тероризам.
  • Зајакнување на улогата на Мрежата за финансиска одржливост на ГО

Очекувани резултати

  • Предлозите на ГО се вградени во измените на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и сродна регулатива
  • Подобрен пристап кон финансиски услуги на ГО преку функционален меѓу-секторски механизам (ГО, институциите и банките)
  • ГО здружено застапуваат за финансиската одржливост на ГО

Имплементатори

  • Носител: Здружение Конект Скопје
  • парнер: Фондација Аполонија Гевгелија

Времетраење

01 јануари 2026 – 31 декември 2026

Вкупен буџет

  • Вкупен буџет на проектот: 3.000.000,00 мкд

Локација на спроведување на грантот

На ниво на Република Северна Македонија.

Донатор и грантова шема

  • донатор: Швајцарска агенција за развој и соработка преку Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)
  • грантова шема: CM-PG-2
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор