Deo

ЧЕТВРТА ОБУКА ЗА МЛАДИНСКИ АКТИВИЗАМ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

Од 13 до 15 октомври 2023 г. здруженијата Форум-Центар за стратешки истражувања и документација, Центар за европски развој и интеграција и Импетус во Велес ја реализираа четвртата обука за младински активизам против корупцијата. На обуката учествуваа дваесетина млади луѓе, кои во текот на трите дена се здобија со знаења и вештини за организирање локални иницијативи кои ќе го имаат фокусот на борба против корупцијата.

Учесниците на обуката имаа можност да се запознаат со успешни пракси за спроведување локални иницијативи за борба и заштита од корупцијата, презентирани од искусни истражувачи и активисти. Истовремено, преку конкретни вежби, можеа низ групна работа да практикуваат анализирање податоци поврзани со општинските политики, да се подготвуваат за иницирање и спроведување граѓански акции во своите локални заедници и да разберат поконкретнио што значи да се биде активен граѓанин.

Во изминатите месеци се одржаа уште три слични обуки со вкупно 60 учесници, кои по обуките иницираа и спроведоа локални акции, со поддршка на трите организации кои го спроведуваат проектот „Младински активизам против корупцијата“ – Форум ЦСИД, Импетус и ЦЕРИ.

Како практична примена на знаењето стекнато на обуките, дел од учесниците од Битола направија истражување и организираа јавна расправа за изградбата на регионалната депонија за Југозападен и Пелагониски регион, како тема од особен јавен интерес која досега не беше значително обработена и дискутирана пред пошироката јавност, а со цел лоцирање на потенцијални ризици од корупција во изградбата на регионалната депонија како и ризици по ионака загадената животна средина во Новаци.

Во Гостивар, учесниците на обуката за младински активизам против корупцијата организираа работилница „Промоција на правото за остварување на слободен пристап до информации од јавен карактер како алатка против корупцијата помеѓу младите“, на која учесниците се запознаа со деталната процедура за поднесување барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, а претставници на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер ја презентираа нивната работа за остварување на правото на слободен пристап до ИЈК.

Во Штип беа организирани изложба и работилници кои имаа за цел подигнување на свеста помеѓу младите за значењето на поимот и застапеноста на корупцијата, како и ефективни антикорупциски мерки кај младите, а во Македонски Брод беше организирана кампања за подигнување на свеста кај локалното население за последиците од живеењето во корумпирано општество со наслов: „Велам НЕ на корупцијата во мојата заедница“ и беше изработен мурал на ѕид во непосредна близина на општинската зграда со порака за борба против корупцијата.

Проектот „Младински активизам против корупцијата“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Покана за учество на информативни сесии за повик за грантови

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) Ве поканува на информативните сеси за Повик за финансиска поддршка на акции за зелена трансформација , во рамките на проектот „Зелена младина, зелен раст“, кои ќе се одржат на: На инфо-сесиите ќе имате можност да дознаете:✅ кои се целите на повикот,✅ како да аплицирате,✅…

  • ЕУ укажува на застој во унапредувањето на човековите права и борбата против дискриминацијата во Северна Македонија

    Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека годинешниот Извештај на Европската унија за напредокот на Северна Македонија,  нотира згрижувачки наоди, особено во делот кој се однесува на недискриминацијата, родовата еднаквост и положбата на граѓанското општество. Извештајот недвосмислено укажува дека земјата го одложува усогласувањето на принципите на недискриминација во сите релевантни закони, што претставува сериозен чекор […]
    Read More… from ЕУ укажува на застој во унапредувањето на човековите права и борбата против дискриминацијата во Северна Македонија
    The post ЕУ укажува на застој во унапредувањето на човековите права и борбата против дискриминацијата во Северна Македонија appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Прва еко-акција ЗЕЛЕН ПЕТОК: „Мапа на еко-грижи и идеи“

    На 31 октомври 2025 година, на плоштадот Методија Андонов Ченто во Прилеп, ја одржавме првата еко-акција во рамките на иницијативата ЗЕЛЕН ПЕТОК под наслов „Мапа на еко-грижи и идеи“.Настанот се одржа од 11:00 до 13:00 часот и имаше за цел да ја поттикне граѓанската свест и активното учество во подобрувањето на животната средина преку креативен,…

  • Десетина моќни гласови и една заедничка порака: Скопје заслужува да биде подобар и позелен град

    Вчера, на 30 октомври, амфитеатарот на Нетавил се претвори во сцена каде што градот проговори – преку гласовите на активисти, експерти, средношколци и пензионери кои споделија една заедничка визија: Скопје заслужува да биде поубаво, позелено и похумано место за живеење. Под наслов „Што со пост-изборно Скопје?“, граѓаните имаа можност да дискутираат, да прашаат и да […]

  • BOOST проектот ја зајакнува граѓанската иницијатива низ Западен Балкан

    BOOST проектот, регионална иницијатива предводена од ALDA и финансирана од Agence Française de Développement (AFD), постигнува значајни резултати во зајакнувањето на граѓанското општество низ Западен Балкан. Преку националната шема за подгрантови, BOOST избра по десет влијателни проекти во секоја од шесте земји од регионот: Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна…

  • Фондацијата Метаморфозис го претстави својот „Дезинфо радар“ на Форумот за мир во Париз 2025

    Фондацијата Метаморфозис преку својот „Дезинфо радар“ е избрана меѓу 30-те решенија кои се претставени на Форумот за мир во Париз 2025, како глобална платформа што истакнува конкретни иновации за мир и демократска отпорност. Оваа селекција претставува силно меѓународно признание за долгорочното лидерство на Метаморфозис во справувањето со дезинформациите на Западен Балкан. Форумот се одржува во […]
    The post Фондацијата Метаморфозис го претстави својот „Дезинфо радар“ на Форумот за мир во Париз 2025 first appeared on Metamorphosis.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор