Ce14e84a8c43d021d448b015d8ed1b8eb4676a2d 1600x900

Безбедна Европа: Дали решаваме проблем – или само го туркаме под тепих?

Европската Комисија ја претстави новата EU Drug Strategy, документ кој не е правно обврзувачки, но силно влијае врз националните политики. Наместо балансиран пристап, Стратегијата повторно внесува алармистички „drug threat“ наратив и силно ја нагласува безбедноста и сузбивањето на наркокриминалот, со 35 споменувања на „закана“.

Ова создава јасен ризик: поместување на фокусот од здравјето, човековите права и harm reduction кон репресивни политики кои историски покажале дека не го намалуваат пазарот, туку често ја зголемуваат насилната конкуренција и штетите. Дополнително, Акцискиот План се фокусира исклучиво на „drug trafficking“, што е отстапување од претходната пракса каде акциските планови ги опфаќаа сите аспекти на политиката за дроги.

Иако Стратегијата го нагласува континуумот на грижа и ги именува клучните harm reduction сервиси (supervised consumption rooms, naloxone, needle and syringe programmes, drug checking), Комисијата го преместува harm reduction од „Health“ во новата област „Harm“, каде што стои заедно со теми како drug driving и еколошки штети. Овој концептуално погрешен чекор ризикува да го маргинализира harm reduction како клучен дел од правото на здравје.

Стратегијата покажува и назадување во однос на човековите права: исчезнати се упатувањата на UN Human Rights Guidelines и UN Common Position, кои беа централен дел во претходната Стратегија. Алтернативите на казнени мерки и континуитетот на грижа во затворски системи се ослабени или целосно изоставени.

Позитивно е тоа што се признава значењето на граѓанското општество и улогата на peer-групите, но без конкретни обврски за државите да финансираат и суштински да ги вклучуваат.

Сега одлуката е кај земјите членки: тие треба да обезбедат финална верзија на Стратегијата која вистински ќе го штити здравјето, човековите права, континуумот на грижа и harm reduction, наместо да ја засилува репресијата. Потребни се:

  • повторно вклучување на човековите права во сите столбови,
  • враќање на harm reduction во „Health“,
  • јасни обврски за државите во областа на здравје и граѓанско општество,
  • нов Акциски План кој ги покрива сите аспекти на политиките за дроги и е усогласен со UN и SDGs.

Прочитај го оригинален текст

The post Безбедна Европа: Дали решаваме проблем – или само го туркаме под тепих? appeared first on ХОПС.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор