Untitled Design (3)

Анкетен прашалник за испитување на јавното мислење за проблемите на семејствата на лицата со попреченост и можните решенија при медицинскиот третман на лицата со попреченост

Во рамките на проектот “Соочување со предизвиците и стигматизација” реализираме анонимен анкетен прашалник исклучиво за испитување на јавното мислење со цел прибирање на податоци во однос на проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост и нивните семејствата во процесот на прифат и третман на лицата со попреченост во медицинските установи и други институционални установи во нашето општество.

Твојот одговор ќе ни помогне да разбереме што навистина им е потребно на лицата со попреченост во процесот на прифаќање и третман во медицинска установа и друга институционална установа во нашето општество и кои промени може да се направат со цел да создадеме подобри можности.

Овој анкетен прашалник е овозможен од Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес во партнерство со Порака Неготино и Еко-Живот од Кавадарци, во рамки на проектот на Цивика мобилитас кој е финансиран од Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ Шведска.

Линк до прашалникот:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeJUjeYr94DKhjgd42Cajbsqzt5B9Fd-HQPhs7vAco13WFkXA/viewform?fbclid=IwY2xjawIb8nJleHRuA2FlbQIxMQABHd2xwzsD_SVSgZEzKgqghE6mKFYDdv_h8litPVZxjiQHCVDOutTDWr_RUg_aem_iT4_CBTipP2FR5iavD0vyQ

Продолжи со читање

  • Собирање на семе за садници за наредната сезона на Боренка

    На 15.12.2025год. во околината на Градско, нашиот член и воедно началник на одред Иван Гушев заедно со волонтерите од СИМ учествуваше во берење на семе од багрем. Целта на берењето на овие семиња е за создавање на нови садници кој се користат во наредната година на пошумувањата организираме од страната…

  • Платформата за борба против корупцијата бара итно донесување на Законот за заштита на укажувачи

    Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Платформата на граѓански организации за борбата против корупцијата изразува сериозна загриженост поради бавниот процес на донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Иако Платформата активно учествуваше во  работната група формирана од Министерството за правда […]
    Read More… from Платформата за борба против корупцијата бара итно донесување на Законот за заштита на укажувачи
    The post Платформата за борба против корупцијата бара итно донесување на Законот за заштита на укажувачи appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи, како клучен чекор против корупцијата

    Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Платформата на граѓански организации за борбата против корупцијата изразува сериозна загриженост поради бавниот процес на донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Иако Платформата активно учествуваше во работната група формирана од Министерството за правда […]
    The post Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи, како клучен чекор против корупцијата first appeared on Metamorphosis.

  • ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА

    ИЗВЕСТУВАЊЕ / ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА   Центарот за одржлив развој на заедницата – Дебар со задоволство ги поканува учениците, родителите, наставниците […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор