Zdruzenie na biznis zeni 10102016 1

Анализата на состојбата на женското претприемништво во Македонија

Zdruzenie na biznis zeni 10102016 1Здружението на бизнис жени (ЗБЖ) со седиште во Скопје, во рамки на проектот „Состојбата на жените во претприемништвото во РМ“, финансиран преку програмата Цивика мобилитас, во периодот јули-септември успешно го заврши првиот дел – квантитативното истражување за состојбата со жените во претприемништвото во РМ, со теренски анкетни активности во следните општини: Куманово, Битола, Тетово, Гостивар, Кичево, Велес, Струмица, Штип, Кавадарци, Дебар, Крушево и град Скопје.

Zdruzenie na biznis zeni 10102016 1

Под супервизија на проектниот тим, локалните истражувачи прибираа и внесуваа податоци и известија за спроведеното. Испитаници се жени и девојки претприемнички, а прибирањето на податоци е теренско.

Здружението во месец септември, исто така, ја заврши и втората фаза – квалитативното истражување. Тоа опфати реализација на директни интервјуа со успешни жени претприемнички од општините: Велес, Битола, Кичево, Куманово, Тетово и Скопје. Во истражувањето беа опфатени вкупно 30 жени претприемнички. Жените ги споделија своите искуства, како и ставовите во однос на сите позитивни и негативни фактори за жените претприемнички во РМ.

Zdruzenie na biznis zeni 10102016 2

Во следната фаза, по финализирање на извештајот ќе бидат лоцирани учесниците за округлите маси, односно на претставници од локалната самоуправа, институции, носители на проекти од тој регион и ГО, поврзани со темата на родови прашања, женско претприемништво или општо-претпримеништво и економија.

Повеќе информации има на https://www.facebook.com/AssociationofBusinessWomenMacedonia/

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор