цеа

АНАЛИЗА НА ДРЖАВНАТА ПОМОШ ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје во соработка со Центар за економски анализи – ЦЕА, подготвија: Анализа на државната помош за обновливи извори на енергија во Република Северна Македонија

Клучни наоди и заклучоци

  1. Производството од ОИЕ во РСМ е на релативно задоволително ниво и инструментот на повластена тарифа е успешен во смисла на мотивирање на инвестирање во ОИЕ за производство на електрична енергија.
  2. Сепак, споредено со другите земји од ЕУ, ОИЕ за производство на електрична енергија во РСМ претежно се базираат на МХЕ.
  3. Ова може да биде индикатор дека повластените тарифи во РСМ не ги зема во предвид релативно повисоките инвестициски трошоци за ветерните и соларните електрани споредено со МХЕ по единица инсталиран капацитет. Овие повластени тарифи во РСМ делуваат само на стабилизирање на идни приходи на операторите на МХЕ, а не и на диверзификација на технологијата на производство на електрична енергија од разни технологии.
  4. Повластените тарифи без соодветно утврден плафон за МХЕ може да влијае на цените на електрична енергија во РСМ со што е регресивен инструмент за потрошувачите со пониска куповна моќ.
  5. Повластените тарифи без соодветно утврден плафон за МХЕ може да влијаат кон повисоки трошоци од таквите политики доколку нема соодветно утврден плафон за МХЕ во РСМ.
  6. Повластените тарифи не обезбедуваат пазарни сигнали за ценовна конкуренција.
  7. Според тоа, за разлика од домашното законодавство кое сè уште предвидува повластена тарифа како мерка за поддршка на производството на електрична енергија од МХЕ, ЕУ легислативата обезбедува транзиција од повластените тарифи кон доделување на премии.
  8. Оттука, може да се заклучи дека не е извршено целосно усогласување на националното законодавство со ЕУ легислативата со која се уредува државната помош за производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија.
  9. Со самиот факт што 121 МХЕ оперираат со инсталиран капацитет од околу 115 MW, a 173 ФЕЦ се со моќност од околу 30 MW укажува дека моделот на повластени тарифи, во кој недостасува плафон за МХЕ, обезбедил раст на капацитетите за производство на МХЕ.
  10. Од друга страна пак над 91% од ОИЕ во РСМ се базира хидроенергијата што укажува дека системот на повластени тарифи веќе постигнува зрелост за МХЕ, не овозможува диверзификација на изворите и може да има влијание за одржување на небалансиран развој на ФЕЦ и ВЦ за сметка на МХЕ.
  11. Во ЕУ, почнувајќи од 2009 година, се забележува одржување на константно ниво на количината на енергија произведена од хидро извори, додека производството од другите ОИЕ се зголемува. Оттука, учеството на електричната енергија произведена од хидроенергетски извори во ЕУ со учество од 61% во 2009г. се намалува на учество од 36% во 2018г. за сметка на зголемено производство од останатите ОИЕ.
  12. Конечно, во 2020 година во РСМ, просечно е исплатено за електричната енергија произведена од повластените производители на МХЕ по 81 EUR/MWh што е повисоко од просечната цена за електрична енергија без даноци и давачки за РСМ која за 2020 била 68 EUR/MWh (16% повисока од просечната цена за електрична енергија без даноци и давачки за РСМ за таа година).
  13. Оттука, се наметнува мислењето дека МХЕ со системот на повластени тарифи ја достигнале својата зрелост, и нивното задржување во режимот на тарифи, во Уредбата за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија во режим на премии е всушност фаворизирање на овој регулиран пазар на МХЕ на сметка на ФЕЦ и ВЦ и другите ОИЕ.

Препораки

  1. РСМ треба да транзитира од повластени тарифи кон премии како инструменти за поддршка на производство на електрична енергија од МХЕ.
  2. Уште повеќе бидејќи премиите се покомпатибилни со пазарна либерализација отколку повластените тарифи, а имајќи во предвид амбициите на државата за натамошна либерализација на пазарот на електрична енергија како и за отворање на целосен простор за ценовна конкуренција на пазарот на електрична енергија.
  3. Во таа насока, МХЕ треба да се префрлат во член 11 од Уредбата за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија

Целата студија е достапна на: Анализа на државната помош за обновливи извори на енергија во Република Северна Македонија

Продолжи со читање

  • 🚨НАЦИОНАЛНИОТ КАЛЕНДАР НА ЖЕНСКИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ Е ТУКА!

    ЧЕТИРИ СПОРТОВИ, ЕДНА ЦЕЛ А ТОА СЕ ПОЛНИ ТРИБИНИ ЗА НАШИТЕ ШАМПИОНКИ! Четири спортови. Повеќе градови. Една заедничка цел – да ги наполниме трибините за женскиот спорт! Од октомври до декември 2026, најавуваме низа возбудливи натпревари во кошарка, фудбал, ракомет и одбојка, на кои на нашите спортистки им е потребна…

  • Трето продолжение на обуката на тренери за управување со животната средина

    На 29.10.2026 год. (четврток) во Велес извидниците од велешкиот одред кои што учествуваа на тренингот за тренери организираа трет настан на кој што присуствуваше Анастасија Давчева ИО“Димитар Влахов”- Велес. Исто така овој настан беше организиран заедно во соработка на ОБСЕ и учениците од СОУ “Јовче Тесличков“ во Велес  оддржаа презентација…

  • Учество на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“

    На 28 октомври 2026 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“ учествуваа по еден претставник на ДПД Свети Николе, на ТППЕ Свети Николе и на кол-центарот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Свети Николе. Настанот беше организиран од Сојузот на стопански комори на Македонија, преку Комората за…

  • ENSURE мобилност во Темишвар: нови знаења, соработка и благодарност до домаќините

    Тричлена делегација на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе учествуваше на мобилноста за партнерско учење во рамките на проектот ENSURE, која се одржа од 12 до 16 октомври 2026 година во Темишвар, Романија, како дел од WP4 – Twinning Programme. Наш домаќин беше партнерската организација CPIP – CENTRUL PENTRU PROMOVAREA INVATARII PERMANENTE TIMISOARA ASOCIATIA, чиј тим…

  • ВОСПОСТАВУВАЊЕ ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

    Жените и локалната власт во Кривогаштани во дијалог за економско јакнење и развој на женското претприемништво На 29 октомври 2026 година, во Општина Кривогаштани, се одржа средба посветена на унапредување на дијалогот помеѓу жените и локалната власт, со фокус на економското јакнење на жените, развојот на женското претприемништво и создавањето родово одговорни локални политики и…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор