Alternativno reshavanje na potroshuvachkite sporovi slika 620x330

Алтернативно решавање на потрошувачките спорови

Во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите на Владата на Република Северна Македонија, која ја спроведува ОПМ, во соработка со Министерството за економија на 22.10.2021 година беше организирана работна средба на која се зборовуваше за спроведување на европското законодавство во домен на алтернативно решавање на спорови (АРС).  

На средбата учествуваа двајца експерти од  Федералното Министерство за социјални работи, здравствена заштита и заштита на потрошувачите: Г-ѓа Тамара Габриел  и г-дин Симон Едер, своја поддршка даде и г-дин Харалд Фугер.

Експертите од Австрија и пренесоа практичните искуства за алтернативно решавање на спорови во Австрија во поглед на законската рамка и телата за АРС, што претставува голема поддршка во натамошното усогласување на националното законодавство со правна регулатива на ЕУ за што зборуваше проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор