Акција: Мониторинг, оценка и предлози за антикризни мерки во услови на тесен буџет
Општата цел на акцијата е да ги анализира и следи буџетските трошења за антикризните мерки, на национално и локално ниво, и да предложи модификација и/или нови мерки во услови на нагласена потреба од рационализација на трошењето на јавните пари.
Специфичните цели на акцијата вклучуваат:
- Да направи анализа и мониторинг на буџетското трошење за постојните антикризни мерки, во три сегменти: 1) мерки за заштита на стандардот на граѓаните, на национално и локално ниво, 2) мерки за помош на фирмите, 3) мерки во делот на земјоделието и обезбедувањето храна, а во контект на ефективно и ефикасно трошење на народните пари;
- Да даде предлози за модификација на постојните и нови мерки, врз основа на потребата за нивна насоченост/ таргетираност и за рационализација на буџетското трошење во услови на „скапи пари“;
- Да ја подигне јавната свест за потребата од фискална консолидација и рационално трошење на јавните пари во услови на повеќекратни кризи.
Донатор: Цивика Мобилитас
Времетраење: Јануари – Октомври 2023



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50982](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/regata3-1024x768-1-768x576.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #49794](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/08/Goran-Lefkov-400x318-1-e1789999958930.png)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50953](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/jugohrom-rashche-1024x683-3-768x512.jpg)

