16 дена активизам: Панел дискусија на тема: Важноста од родовата еднаквост за спречување на насилството врз жени и девојчиња
Денес ја одржавме панел дискусијата за важноста од родовата еднаквост во борбата против родово-базираното насилство во заедницата
Ана Бојчевска Митревска од Реактор говореше за јазот во платите во јавниот и приватниот сектор помеѓу мажите и жените, за предизвиците со кои што се соочуваат жените и предрасудите за нивната економска продуктивност особено ако станува збпр за жени со деца
Уранија Пировска, пак од Хелсиншки комитет за човекови права – Helsinki Committee for Human Rights ни ја прикажа реалната слика со предизвиците на текстилните работнички и нивните права, додека пак извршната директорка на Рурална Коалиција говореше за предизвиците со кои што се соочуваат жените од руралните средини и колку стереотипите и традиционалните норми влијаат врз нивната свест и едукација за родово-базираното насилство
Ана Аврамоска-Нушкова од Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство говореше за потребата од институционална поддршка на жртвите на семејно насилство споменувајќи дека само 2% од истото се пријавува, како и за потребата од развој на специјализирани услуги за превенција и заштита на жртвите на семејно, родово-базирано и секаков вид на насилство
Панел дискусијата ја заокружи Александра Иљоска од Паблик / Public која што пак го истакна значењето на социјалното менторство и повторното враќање на пазарот на трудот на жртвите на семејно насилство
Ваквата дискусија поттикна многу отворени прашања, а особено тоа за потребата од јакнење на свеста кај населението за превенција и навремено делување за спречување на насилството врз жените и девојчињата, а беше побарана и добра политичка волја и институционална поддршка кои што ќе доведат до намалување на оваа негативна појава


Оваа вест изворно е објавена на сајтот на Рурална коалиција Кичево



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43343](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/viber_image_2026-01-21_15-12-46-731-e1769072908220-768x449.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43319](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/mrfp_1-768x512.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43308](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/image.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43310](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/pats-project-3-660x500-1.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #43243](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/antikorupcija-rma-1-768x512.jpg)