15 mart.svet .den .na .opm 620x330

15 Март Светскиот ден на правата на потрошувачите

По повод 15 Март – Светскиот ден на правата на потрошувачите, Организацијата на потрошувачите на Македонија, организираше онлајн работна средба со цел да се подобрат финансиски услуги за потрошувачите. На средбата присуствуваа повеќе од 66 учесници: од Министерство за Финансии, Министерство за економија, Народна Банка на Република Северна Македонија, Агенција за супервизија на осигурувањето, Македонска Банкарска Асоцијација, како и даватели на финансиски услуги: банки, штедилници,осигурителни компании, брокерски куќи и други институции кои работат во делот на пружање финансиски услуги.

Овие активности на ОПМ се поддржани од страна на ЕУ преку Европската организација за заштита на потрошувачите – BEUC и проектот „Empowering financial services consumers and representing their interests“ (Унпредување на финансиските услуги наменети за потрошувачите и претставување на нивните интереси)

На средбата беа презентирани кредитни калкулатори, кои беа изработени од страна на ОПМ со цел да им помогнат на потрошувачите да донесат информиран избор при земање кредит, предвремено отплаќање на кредит или при одлучување дали да го искористат дозволеното пречекорување на трансакциска сметка или картичка.

При изработката на калкулаторите тргнавме од прашања кои се од значење за потрошувачите, како на пример: од што зависи висината на средствата што ќе ги одобри банката, висината на месечната рата, времето на отплата, како и висината на каматата. Ги едуцираме потрошувачите пред да се одлучат да земат кредит да направат сопствена пресметка по следниот редослед: да ја утврдат месечната рата која можат да си ја дозволат врз основа на месечните приходи и трошоци со напомена дека месечната рата не треба да надминува 30 проценти од вкупните месечни приходи и да размислат за времето на отплата на кредитот. Кога ќе одлучат за параметрите кои се за нив карактеристични можат да ги внесат во соодветните полиња на калкулаторот и да се одлучат за кредит кој е за нив најповолен.

На средбата беа претставени претстојните активности согласно воспоставената соработка со Народна банка на Република Северна Македонија (НБРСМ), Македонска банкарска асоцијација (МБА) и Агенција за супервизија на осигурување (АСО)

Користење на калкулаторите овозможува компаративна анализа со цел потрошувачите да дојдат до најповолно решение, а притоа истите да не бидат комплицирани за употреба.

Секако дека калкулаторите треба да бидат  дел од стратешката ориентираност кон поголема едукација на потрошувачите  при користење на финансиски услуги.

На работната средба беа презентирани и две брошури со цел на потрошувачите да им помогнат во правилен избор на потрошувачки или хипотекарен кредит,

Калкулаторите и брошурите се поставени на веб страната на ОПМ, www.opm.org.mk

На средбата беше претставена и анализата на правната рамка и институционалните форми за заштита на потрошувачите кај одредени финансиски услуги,  со заклучоци и конкретни предлози за унапредување на односот кон потрошувачите корисници на финансиските услуги.

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор