12-та онлајн работилница на тема „Видови контрацепција и нивна употреба“

Ве покануваме на учество на дванаесетта онлајн работилница организирана од З.Национален ромски центар – Куманово, на тема: „Видови контрацепција и нивна употреба“ со која ќе се дадат информации за видови на контрацепција, информации за нивна употреба за спречување на несакана бременост, нивна употреба во сочувување на сексуалното и репродуктивното здравје, и контрацепцијата како начин да се спречи несакана бременост во функција на планирање на смемејство.

Предавач на оваа онлајн работилница е Д-р Лидија Јовчевска, гинеколог акушер при Општа болница – Куманово.

Активноста е во рамките на проектот „Унапредување на здравствената заштита на Ромките во време на здравствена криза“ финансиран од страна на Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ). Работилницата ќе се одржи онлајн преку ZOOM платформата на 12.10.2021г. (вторник)  со почеток во 18:00 часот.

Заинтересираните може да се пријават на следниот e-mail: musstafowski@nationalromacentrum.org  по што ќе им биде испратена ангенда и покана со линк за приклучување работилницата и агенда.

***

Содржината на оваа веб-страница се одговорност на сопственикот и уредникот и не ги одразуваат ставовите на Фондација отворено општество – Македонија


12-та онлајн работилница на тема „Видови контрацепција и нивна употреба“ was first posted on October 6, 2021 at 10:11 am.
©2016 “Национален Ромски Центар“. Use of this feed is for personal non-commercial use only. If you are not reading this article in your feed reader, then the site is guilty of copyright infringement. Please contact me at dalibor.sojic@gmail.com

Продолжи со читање

  • Граѓанска платформа за заштита на младите жени од сајбер (онлајн) насилство

    Сајбер насилството не исчезнува кога ќе го исклучиш компјутерот – стравот оди со тебе дома. Ќе бидеш дел од толпата или дел од заштитата? Прекини го синџирот! Не кликај шер. Не испраќај на „само уште еден“. Не ја прави туѓата болка забава. Наместо да осудуваш, направи го вистинскиот чекор и прашај: „Дали си добро?“. Една […]

  • Документ за јавни политики: Анализа на националното законодавство во однос на европските стандарди за заштита од дигитално родово-базирано насилство

    Дигиталното родово-базирано насилство претставува сè поизразена манифестација на насилството врз жените и девојчињата, која се врши или засилува преку употреба на информатичко-комуникациски технологии. Иако не станува збор за нов вид на насилство, дигиталната средина овозможува поинаква динамика, поголема изложеност на жртвите и подолготрајни последици, што наметнува потреба од прилагоден правен…

  • Документ за јавни политики: Анализа на постапувањето на институциите, со фокус на центрите за социјална заштита во случаи на дигитално родово-базирано насилство

    Дигиталното родово-базирано насилство бара брз, стручен и сензитивен одговор од страна на институциите. Како тие постапуваат во пракса и кои се клучните предизвици со кои се соочуваат? Во рамки на проектот „Младите жени против онлајн насилство“, имплементиран од Иницијатива за европска перспектива и Заеднички вредности, го објавуваме вториот „Документ за…

  • ПРИРАЧНИК ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ДИГИТАЛНО РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

    Зад секој екран, во секоја приватна порака или групен чет, може да се крие тишина исполнета со страв, срам и болка. Дигиталното родово базирано насилство не е само „онлајн проблем“ – тоа е реалност што ја погодува секоја четврта млада жена во Македонија, а само 5% од нив имаат храброст…

  • КАКО КУЈНСКИОТ ОТПАД СТАНУВА ПРИРОДЕН РЕСУРС: РЕЦ, ЕКО ЛОГИК И ФЛОРОЗОН НА ФЕСТИВАЛОТ НА ЦИВИКА МОБИЛИТАС 2026

    Изминатава сабота, на 3-ти октомври 2026 година, градскиот парк пулсираше во знакот на граѓанскиот активизам. Како дел од овогодинешниот Фестивал на Цивика мобилитас, познат како „Ден на граѓанските организации“, граѓаните имаа единствена можност одблизу да се запознаат со луѓето кои се двигатели на позитивни промени во нашето општество.
    Меѓу бројните штандови, посебен интерес предизвика заедничкиот простор на Центарот за ресурси во животна средина РЕЦ, Еко Логик и Флорозон каде што беа изложени производите од учениците кои ги добија од отпад во натпреварот за зелени бизнис идеи. Овие три организации се здружија со јасна мисија – да покажат дека еколошката иднина зависи од секој од нас.
    Интерактивна работилница: Од кујнски отпад до вреден ресурс 
    Главната атракција на нивниот штанд беше интерактивната работилница за преработка и реупотреба на био-отпад. Наместо само да зборуваат за теории, експертите ги вклучија посетителите во реални експерименти за добивање на пектин и био дизел.
    „Дали знаевте дека она што секојдневно го фрламе во кујната може да стане вреден ресурс за природата?“ – беше главното прашање кое ги поттикна присутните на размислување.
    Преку практични примери, граѓаните од сите генерации научија едноставни, но ефикасни начини како драстично да го намалат отпадот во сопствените домови и како органските остатоци да ги претворат во нешто корисно за почвата и растенијата.
     
    Граѓански активизам за циркуларна економија
    Оваа успешна едукативна активност е дел од пошироката рамка на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Главната цел на проектот е менување на навиките и воведување на одржливи еколошки практики во секојдневието.
    Оваа важна иницијатива е финансиски поддржана од Владата на Швајцарија преку програмата на Цивика мобилитас.
    Фестивалот уште еднаш докажа дека кога граѓанскиот сектор и граѓаните ќе се сретнат на едно место, се раѓаат најдобрите идеи за зелено и одржливо утре.
     
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор