📊 Активности за соработка со Државниот завод за статистика

На 12.06.2025 година, во Тетово, успешно реализиравме информативна и едукативна сесија на тема: „Фацилитација за олеснување на пристапот до институциите за микрофинансирање и програми за микрозаеми“.
Целта на сесијата беше да се доближат до жените информациите и можностите за користење на финансиски услуги и поддршка при започнување или развој на сопствен бизнис. Присутните имаа можност директно да се информираат за достапните механизми за микрофинансирање и микрозаеми, како алатки за економско зајакнување.
Предавач на сесијата беше претставник од Агенцијата за вработување Тетово, кој сподели корисни информации и совети за можностите за самовработување, поддршката што ја нуди Агенцијата, како и начините на пристап до финансии за бизниси.
На настанот присуствуваа жени од Тетово и околните населени места, вклучувајќи дел од нашите курсистки кои успешно ги завршија обуките што ги организиравме, како и други заинтересирани.
Дополнително, присутните беа информирани и за можностите за вклучување во практична работа, како следен чекор во нивниот професионален развој и патот кон самостојност. Оваа информација беше особено значајна за оние кои сакаат да стекнат дополнително искуство пред да започнат сопствен бизнис.
Сесијата предизвика голем интерес, со активна вклученост на учесничките и охрабрувачка атмосфера.
Веруваме дека оваа активност ќе придонесе кон зголемена самодоверба, економска вклученост и охрабрување на жените во Тетово да направат храбар чекор напред кон своја економска независност и професионален развој.
Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ – с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“ – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.
Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението „Секогаш Соживот“ не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
Почитувани извидници, извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес одбележувајќи го Денот на Државноста на Македонија, Ве поканува на традиционалните XXXIX Средби на извидници 2025. Во периодот од 1975 до 2024 година, успевaме да организираме триесет и осум Средби на извидници од кои последните дваесет и три беа од меѓународен карактер….
На 23 и 24.6.2024 год. во извидничко поморска база Николаос Принзиос во Солун во рамките на Вардарска регата учество земаа и една патрола од десет извидници на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес и реализираа активности со 3-та извидничко морска група на Солун. This post was originally published on this…
Во организација на извиднички одред “Димитар Влахов“ во периодот од 19 до 24 јуни педесетина уесници на Вардарската регата, 25 по ред, заполовија во Вардар. Но наместо до Гевгелија, повтор пат тие тргнаа за Солун, Репубика Грција. Ќе пловат шест дена до 24 јуни. Во Македонија се ноќеваше во Криволак,…
Дезинформациите и манипулациите со информации и странско влијание (ФИМИ) ги поткопуваат демократските процеси, ја еродираат јавната доверба, ги засилуваат социјалните поделби и ги ослабуваат аспирациите на Северна Македонија за евроатлантска интеграција. Затоа, без решителна акција, индустријата за манипулација со информации ќе продолжи брзо да се адаптира, надминувајќи ја регулативата и искористувајќи ги системските слабости.
Ова беше централната порака на денешниот валидациски состанок во Скопје, кој беше фокусиран на нацрт-извештајот „Овозможувачи и стимулирачи на изборни ФИМИ во Северна Македонија“. Настанот собра претставници на институции, медиуми, граѓанскиот сектор и меѓународни организации за заеднички преглед на наодите и нивно унапредување преку партиципативен дијалог.
Во своето воведно обраќање, Кушбу Агравал од Интернешенал ИДЕА го истакна поширокиот обем на иницијативата:
„Овој извештај на нашиот партнер Метаморфозис е дел од поголем проект за ФИМИ поддржан од Global Affairs Canada. Иако не е прв извештај на оваа тема во земјата, се обидуваме да создадеме „една точка за пристап“ каде ќе бидат консолидирани сите релевантни знаења и истражувања поврзани со изборни ФИМИ во Северна Македонија, особено во однос на ранливостите и поттикнувачите кои ѝ овозможуваат на оваа појава да се вкорени и да напредува“, рече Агравал.
Горан Ризаов, менаџер на програмата Информациски и медиумски интегритет во Метаморфозис и коавтор на извештајот, ја презентираше методологијата развиена од Интернешенал ИДЕА, заснована на разграничување на овозможувачи и поттикнувачи на ФИМИ.
„Покрај другото, се обидовме да објасниме и како се користат родово базирани дезинформации, употребата на вештачка интелигенција и глобалните поврзувања за манипулација со информации во изборен контекст. Политичката поларизација, често по етнички или меѓуетнички линии, како и системската корупција, ја ослабуваат институционалната отпорност. Имплементацијата на изборните реформи е слаба, а злоупотребата на јавни ресурси останува широко распространета“, рече Ризаов.
Матеј Тројачанец, Горан Ризаов и Деспина Ковачевска се ко-автори на нацртт-извештајот кој беше презентиран | Фото: Ванчо Џамбаски, CC BY
Деспина Ковачевска и Матеј Тројачанец, истражувачи од Метаморфозис и коавтори на извештајот, ги претставија увидите за општествените овозможувачи и улогата на социјалните мрежи, со дополнителен фокус на родовите наративи и дезинформации генерирани преку ВИ.
Ковачевска го нагласи користењето на пораки што се базираат на страв и се насочени кон жените и ЛГБТИ+ заедниците:
„Видовме наративи во кои се тврди дека ако Северна Македонија влезе во ЕУ, децата ќе станат трансџендер или девојчињата ќе бидат принудени да се облекуваат како момчиња. Во проруските дезинформации, Украинките се претставени како хероини што остануваат да се борат, додека мажите се прикажуваат како кукавици што бегаат. При нападите на претседателот Зеленски, често мета е неговата сопруга и нејзината наводна расипничка потрошувачка. Постои поширок наратив во кој традиционалната мајка се спротивставува на „жената од Запад“ – осамена, себична, па дури и демонизирана преку религиски содржини“, рече Ковачевска.
„Овие родово обоени наративи се темелат на страв – страв од вакцини, од Западот, од морална деградација. Ниската медиумска писменост, која дополнително опаѓа, им овозможува на ваквите манипулативни содржини да се шират“, додаде таа.
Ризаов зборуваше и за ранливоста на медиумскиот простор:
„Независните медиуми се речиси неодржливи. Постојаното зголемување на бројот на медиуми создава илузија за плурализам, но во реалноста тие често се политички или комерцијално ориентирани. Копи-пејст новинарството доминира во мејнстрим медиумите. Ако единствено што правите е да пренесувате туѓи содржини, тогаш манипулацијата лесно може да се протне – особено ако доаѓа од моќен центар на влијание“, рече Ризаов.
Тројачанец го истражуваше влијанието на алгоритмите на социјалните мрежи и генеративната вештачка интелигенција во дезинформацискиот екосистем:
„Платформите го засилуваат екстремниот контент според однесувањето на корисниците. Иако сè уште немаме видено длабоко фалсификувани видеа со локални политичари, идентификувавме ВИ видеа што промовираат лажни лекови, често со гласови клонирани од познати лекари. Најчесто се адаптирани од шаблони на бугарски јазик, па така се релативно лесно препознатливи. Сепак, употребата на ВИ во овој контекст засега останува ограничена“, рече тој.
Настанот заврши со сет на препораки насочени кон институциите, медиумскиот сектор, технолошките платформи и граѓанското општество. Тие се фокусираат на подобрување на законодавството, медиумската независност, дигиталната транспарентност и јавната свест, како и на потребата од посилна меѓусекторска соработка и усогласување со регулативите на Европската Унија.
Во периодот од 18 до 20 јуни 2025 година, во Тирана се одржа АЛФорумот еден од најзначајните настани на Фондацијата Ана Линд кој обединува чинители од целиот евро-медитерански регион. Годинешното издание се одвиваше на три локации: Меѓународниот хотел, Тирана Националната опера и Скендер Бег плоштадот во Тирана. Форумот понуди разновидна…
Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.