[Aggregator] Downloaded image for imported item #42184

✨ ИНФОРМАТИВЕН И ЕДУКАТИВЕН НАСТАН ЗА МИКРОФИНАНСИРАЊЕ И МИКРОЗАЕМИ ВО НЕГОТИНО

На 27.11.2025 година, организиравме информативен, едукативен настан посветен на можностите за микрофинансирање, микрозаеми и поддршка при развој на сопствен бизнис.

  • Учесниците добија корисни информации за:
  •  активните мерки за самовработување,
  •  програмите за практична работа,
  • основање и развој на сопствен бизнис,
  • пристап до финансиски инструменти што го олеснуваат претприемништвото.

Особено ни е драго што дел од присутните беа и нашите курсистки, кои имаа можност од прва рака да се информираат за можностите за самовработување и поддршка за стартување сопствен бизнис.

Голема благодарност до Елена Лазова, претставник од Центар за вработување Неготино, која детално ги презентираше мерките и програмите.

Овој настан е уште еден важен чекор кон економско зајакнување и поттикнување на претприемачкиот дух во нашата заедница.

Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од Женска граѓанска иницијатива АНТИКО – Скопје, во соработка со проектните партнери СЕКОГАШ СОЖИВОТ – с. Канатларци – Прилеп и ЗОК АДРИОН – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението „Секогаш Соживот“ не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ с.Канатларци, Прилеп

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор