Finance think

Благица Петрески од Finance Think: Само брз завршеток на војната ќе ги стабилизира цените

Благица Петрески зборува за Локално.мк за тековни економски теми сврзани со инфлацијата и реакцијата на економските политики.

Точно е дека во периодов и посебно во последниот месец се соочуваме со стапка на инфлација која не сме ја виделе од 1990-тите. Сепак, мора да имаме предвид дека растот на цените е движен од глобалните случувања, главно наручувањата што на пазарите на енергенси и примарни производи ги предизвика инвазијата од Руската Федерација врз Украина, а делумно и од се’ уште нарушените синџири на снабдување што е ефект од пандемијата, во моментов засилен и од новите карантини во Кина, вели во краток разговор за „Локално“ Благица Петрески од Институтот за економски истражувања и политики Finance Think за зголемувањето на инфлацијата за над 10 отсто во април годинава, во споредба со истиот период лани.
Повеќе, прочитајте ТУКА.

Продолжи со читање

  • ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА

    ИЗВЕСТУВАЊЕ / ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА   Центарот за одржлив развој на заедницата – Дебар со задоволство ги поканува учениците, родителите, наставниците […]

  • Блупринт групата апелира до Собранието, пред да избере нов член на Судскиот совет, да ги почитува сопствените заложби за подобрување на критериумите

    Ја изразуваме нашата длабока разочараност поради предлагањето нов член на Судскиот совет на РСМ од редот на истакнати правници кои ги избира Собранието на РСМ само неколку дена пред започнување на собраниската постапка за донесување на новиот Закон за Судскиот совет. Иако измените на овој закон долго време се подготвуваа како резултат на претходните случувања […]
    Read More… from Блупринт групата апелира до Собранието, пред да избере нов член на Судскиот совет, да ги почитува сопствените заложби за подобрување на критериумите
    The post Блупринт групата апелира до Собранието, пред да избере нов член на Судскиот совет, да ги почитува сопствените заложби за подобрување на критериумите appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Младински дијалози во Скопје

    Младинските дијалози се одлична можност за директно согледување на потребите на младите во Македонија. Низ интересен разговор помеѓу младите, претставници на НВО секторот, претстaвници на институциите и заинтересирани граѓани, вчера ја спроведовме активноста – Младински дијалози во Млади Хаб Скопје. Голема благодарност за активното учество и споделувањето на сопственото искуство до Национален младински совет на Македонија – НМСМ / NYCM / KRNM комшиLOOK Бистри Умови – Bright Minds of Macedonia MladiHub Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) Активноста се спроведува во склопот на Еразмус+ проектот “Академија за младински политики: Вклучи се – поврзи се – поттикни” Линк до фотографии:

  • Учество на работилница “Еко муабети“

    На ден 11.12.2025 год. (четврток) успешно се одржа работилницата „Еко Муабети“, организирана од еко-одборот на гимназијата „Кочо Рацин“ – Велес и групата средношколци „Зелени Борци“. На настанот учествуваа претставници од „Зелена Народна Стража“, извидничкиот одред „Димитар Влахов“, како и ученици и професори од гимназијата „Кочо Рацин“ – Велес и ученици…

  • Учество на одредската слава на ИПО “Јадран“ – Св.Климент

    Старешината и началникот на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес на покана на старешината на ИПО “Јадран“ од Скопје земаа учество на одредската слава на извидничко поречанскиот одред “Јадран“ од Скопје. Славата се одржа во извидничкиот дом в о село Катлановска Брезица на 8.12.2025 год. На нашите браќа извидници им…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор