regionalen forum kavadarci

Заедничките акции даваат поголем кредибилитет

На седмиот регионален форум на Цивика мобилитас што се одржа на 13 октомври 2015 година во просториите на Домот на културата во Кавадарци претставниците на граѓанските организации од вардарскиот регион разговараа за меѓусебната соработка, за проблемите со миграцијата, за видливоста и кредибилитетот на акциите.

Сајмон Форестер, меѓународен експерт, потенцираше дека форумите се можност за меѓусебно запознавање на организациите што може да води во понатамошна соработка. „На овој начин ќе се намали меѓусебната конкуренција, а ќе се зголеми соработката“, рече Форестер.

regionalen forum kavadarci2

Присутните разговараа на неколку теми.

Преставниците на Агрофаланга од Велес како проблем го потенцираа недоволното знаење на земјоделците. Тие сметаат дека поддршката за организациите на земјоделците не е доволна и дека ресурсите за земјоделство и за туризам не се доволно искористени. „Проблем е преголемата супституција на млекото со палмина маст при производството на млечните продукти. Канцерот е зголемен за 30 % во последните 10 години“, истакна Љупче Станковски.

„Замената на оригинални производи резултира со намалување на работни места, лоша исхрана на населението и зголемување на разни заболувања“, додаде тој. Младите не се доволно едуцирани да ги препознаат домашните производи, правилните вкусови и здравата храна. Според Елена Ризова од Еко-живот потребно е да се направи таква едукација за најмладите за да научат да прават разлика помеѓу вистинска (органската) и останата храна.

Според Панче Арсовски од Винотек потребно е повторно воспоставување на задруги, заедничка помош за работење, набавка на механизација, помош при берба. Она што најмногу недостасува на полињата, смета тој, се младите луѓе.

Организацијата на жени од Свети Николе го потенцираше слабото здружување помеѓу помалите организации. „Мора да има зголемена комуникација помеѓу активните организации, за да можеме да се едуцираме, да споделиме информации меѓусебно и на овој начин да дојдеме до некој краен производ или проект“, рече Дарко Јованчевски. Тој исто така го потенцираше проблемот со миграцијата. „Порано тема на состаноците ни беше немање на активна младина, а сега зборуваме за немање младина воопшто“.

Раим Сулејманов од Тиквешки Роми ја потенцираше потребата од бесплатна правна помош за Ромите во регионот. Тој зборуваше за придобивките од проектот што бил реализиран пред три години кога биле опфатени повеќе деца Роми со активности за нивна подобра вклученост во образованието и помош преку дополнителни часови.

Она што недостасува, според Сулејманов е одржливост на тие активности.

„Заедничко здружување на повеќе актери и дава поголем кредибилитет на акцијата не само пред јавноста туку и пред авторитетите и институциите. Ако организациите го стават фокусот на меѓусебната соработка, ќе имаат подобар пристап до поголем број граѓани“, рече Форестер на крајот од Регионалниот форум во Кавадарци.

Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрациј (SIPU). Цивика мобилитас обезбедува поддршка за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество. Спроведувањето започна во октомври минатата година и ќе трае четири години.

Продолжи со читање

  • Соработката меѓу граѓанските организации и бизнис секторот носи многу заемни придобивки

    „Причината поради која сите сакаме да соработуваме е затоа што сите сакаме да имаме корист. Без разлика дали доаѓате од бизнис секторот или од граѓанскиот, треба да почнете да развивате покомплексно разбирање за заемните придобивки“, им рече Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, на учесниците на  работилницата „Зајакнување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #5

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #5 [13 – 17 октомври 2025] Во последната недела пред изборниот молк имаше засилена активност и обновена мобилизација во медиумските објави со повеќе од 3.000 медиумски текстови и 240 објави на социјалните мрежи, и со јасен раст на ангажманот кон крајот на неделата. Кампањата влезе во завршна фаза…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави

    Месечен преглед на медиумските објави [15 септември – 14 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Изборите за локалната власт беа една од најдоминантните теми во медиумскиот простор со над 11.000 медиумски написи и над 1.100 објави на социјалните мрежи. Анализата открива јасна слика: изборната кампања се води…

  • Новиот амбасадор на Швајцарија ја потврди посветеноста кон граѓанското општество

    Тимот на Цивика мобилитас на 16 октомври ја оствари првата средба со новoназначениот Амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер (Christoph Sommer). „Сметам дека граѓанското општество е многу значајна област на која треба да се фокусираме“, нагласи Амбасадорот, потврдувајќи дека поддршката на граѓанските организации е еден од приоритетите…

  • Кога се штеди на превенција, последиците се скапи – граѓанските организации и институциите со заеднички повик за поголеми вложувања во превенцијата

    Граѓанските организации и институциите од здравствениот сектор отворија јавен дијалог за унапредување на пристапот до квалитетни превентивни здравствени услуги за жените, девојките и ранливите групи, на тематскиот форум „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ одржан на 15.10.2025 година. Главните заклучоци од дискусијата се дека неопходно е вклучување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #4

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #4 [6 – 12 октомври 2025] Анализата на медиумските и објавите на социјалните мрежи во претходната недела потврдува дека кампањата се засилува, а фокусот е се повеќе на конкретни локални решенија кои директно влијаат на секојдневниот живот на граѓаните. Дискусиите се интензивни на социјалните мрежи, каде што конкретните…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор