Промоција на првите акциски грантисти на Цивика мобилитас

Цивика мобилитас, денес (22 октомври 2015 година) ги промовираше првите 15 акциски грантисти. Добитници на акциски грантови се:

Форум – Центар за стратешки истражувања и документација, Скопје – Зајакнување на капацитетите на месните и урбаните заедници; Медиа плус, Штип – Мојата општина и јас граѓанинот; Диверзити медиа, Скопје – Глокал дискусии МК; Натура, – Мониторинг на процесот на издавање на Б интегрирана дозвола; Центар за управување со промени, Скопје – Поголема партиципација – подобри политики и регулативи; Црвен крст на Р. Македонија – Црвен крст на град Скопје – Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности; Организација на потрошувачите на Македонија, Скопје – Зајакнување на капацитетите на граѓанското општеество за поттикнување и заштита на потрошувачите и нивните права; Еднаков пристап, Скопје – Пристап на жените до правда; ГАУС институт – Фондација за нови технологии, иновации и тренсфер на знаење – Иницијатива за јакнење на партиципативната култура во урбанистичкото планирање во РМ; Институт за општествени и хуманистички науки, Скопје – Граѓанските организации во промоција и застапување на правото на слобода на изразување и застапување; „Агропродукт“, Штип – Стоп за миграцијата на земјоделците од ридско планинските подрачја; Македонски центар за европско образование, Скопје – Трансфер на знаење за политиките на ЕУ за намалување на разликите меѓу граѓанските организации од скопскиот и другите плански региони, Култ-транзен, Струмица – Развивање и ревитализација на руралните заедници преку уметност и култура; Институт за истражување на политики и добро владеење, Скопје – Интеретнички дијалог и соработка помеѓу младите во Македонија и Центар за ромска заедница „Дром“ – Превенција од современите форми на трговија со луѓе.

DSC 8205

Првите акциски грантови имаат вкупен буџет од над 25 милиони денари и наменети се за поддршка на граѓанските организации кои сакаат да ги промовираат нивните каузи и активности. Проектите вклучуваат оспособување на конституентите на граѓанските организа-ции; јакнење на односите со граѓаните, заедниците и пошироката јавност; како и влијание за постигнување позитивни општествени промени за што се залага и Цивика мобилитас.

DSC 8319

На грантистите им честиташе Амбасадорот на Швајцарија во Македонија, неговата екселенција Стефано Лазарото.  

Новата фаза на Цивика Мобилитас која ќе обезбеди поддршка за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество во следните четири години започна во октомври минатата година. Буџетот на програмата изнесува околу осум милиони швајцарски франци.

Продолжи со читање

  • Мониторинг посетите ја потврдија одржливоста на партнерствата и резултатите од грантовите

    Во периодот од 8 до 21 мај, тимот на Цивика мобилитас реализираше посети за мониторинг на организациите корисници на  грантови. Посетите се одвиваа во просториите на организациите носители на проектите, а на средбите најчесто присуствуваа и претставници на партнерските организации. Со оглед дека најголем дел од проектите влегуваат во завршна…

  • Старо-новите предизвици на граѓанскиот сектор

    Предлог – Законот за здруженија и фондации, односно коментарите и предлозите поврзани со него предизвикаа повеќе дебати во граѓанскиот сектор во  почетокот на годината. Ова беше и разбирливо ако се има предвид дека станува збор за основниот закон според кој функционираат граѓанските организации. Поднесените околу 130 коментари многу јасно го…

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор