Vklucheni site vkluchenost za site 3

Вклучени сите, вклученост за сите!

Со парафразата на пораката на Полио плус, „Ништо за нас, без нас“, Питер Тоинес, националниот тим лидер на Цивика мобилитас, го отвори регионалниот форум за источниот и југоисточниот регион што се одвиваше под мотото „Вклучени сите, вклученост за сите!“ во Мултимедијалниот центар Канал 77, во Штип на 7 октомври 2016 година.

 

Vklucheni site vkluchenost za site 3

Во првиот панел, своите искуства на полето на социјалната инклузија и социјалното претприемништво ги споделија повеќе претставници на граѓански организации.

Александар Лазаров од „Планетум“ го сподели нивното искуство на воспоставување мрежа на неформалните собирачи на пластичен отпад. „Почнавме во 2005-2006 година. Многу бргу успеавме да вработиме петмина. Приходите што ги остварувавме беа и повеќе од доволни тие луѓе да остваруваат нето плата од 25.000 денари. За жал, оваа наша активности беше на удар на некои партиски и политички препукувања заради што веќе две години не работиме. Луѓето се тука, потребно е да им создадеме фер шанса да им помогнеме да се тргнат од маргините на општеството“.

Vklucheni site vkluchenost za site 1

Но, дали вработувањето е доволно за да можеме да зборуваме за социјална инклузија? Според Бети Толевска од КХАМ од Делчево, тоа е само еден сегмент. „Во првите обиди да вработиме Роми се судривме со предрасудите на бизнисот“, рече таа. „Не сакаме да вработиме Роми“ – така ни велеа бизнисмените. Но, не се откажавме, работевме со нашите конституенти и со бизнис секторот. Предрасудите ги разбивме, сега треба работиме на подобрување на самодовербата на жената Ромка, да ја увериме дека таа вреди“, рече Толевска. Со вработувањето на жените Ромки треба да се обезбедат и градинки за нивните деца, тие да бидат прифатени од другите деца, а жените да бидат прифатени од оние со кои ќе работат. Според говорниците, тоа е чекор поблиску до социјалната инклузија.

Според Сократ Манчев од Избор од Струмица, отворањето нови работни места за стигматизирани луѓе е најголемата социјална инклузија. „Во државата треба да се направат револуционерни промени во социјалната политика за да се случат некои поместувања, на пример да добиеме повеќе ингеренции. Државата ја сведува социјалната политика на социјална помош, а со тоа многу се мали и ќе бидат мали резултатите“, рече Манчев.

Vklucheni site vkluchenost za site 2

Димитар Апасиев од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип зборуваше за социјалната политика, која според него е сведена на клиентилизам. Според Апасиев, вработеноста не ги вади вработените од маѓепсаниот круг на сиромаштијата. „Коефициентот на животна среќа кај нас паѓа на 25 годишна возраст и не расте до крајот на животот“, вели тој.

Жермена Божиновска од Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ го раскажа нивниот пример поврзан со списанието „Лице в лице“ кое веќе четири години работи на принципите на социјалното претприемништво. „Работата е најсоодветен начин на социјална инклузија“, вели Божиновска објаснувајќи ја продажбата на списанието која ја вршат маргинализирани лица. „Најмногу ефекти врз нивното социјално однесување има менторската работа со нив“, вели таа. Божиновска се пофали дека од неодамна вработиле еден од продавачите.

Спречување на миграциите и намалување на невработеноста беа двете теми на кои се дискутираше во работните групи. Беше презентирано истражувањето спроведено од Медија плус посветено на миграциите на младите луѓе наречено „Повратен билет“. Најголем дел од испитаниците сметаат дека мерките што ги презема државата не одговараат на состојбите во државата (37%) или не се доволни (29%). Причини поради кои младите се иселуваат во најголема мерка се ниските примања, недоволни за преживување (71%) и неможноста за вработување (19%). Истражувањето покажало и дека младите луѓе не заминуваат само од економски причини.

Vklucheni site vkluchenost za site 4

Златко Николовски од организацијата „Нов контакт“ смета дека причина за иселување на младите е ниската вработеност и лошите услови. „Политиката кон миграцијата треба да се измени“, рече тој а граѓанските организации кои работат со миграции, треба да работат заедно. Потребна е инклузија и реинтегрирање на луѓето кои се враќаат назад. Македонија ќе има сериозен проблем ако на време не работи на оваа миграциска криза“, смета тој.

Невенка Лонгурова Гирова од Фондацијата за развој на локалната заедница ги презентираше резултатите од анализата на податоците за невработеноста на жените – припаднички на немнозинските етнички заедници од Источниот регион. Според неа, најчесто станува збор за Ромки, на возраст меѓу 25 и 49 години кои немаат или завршиле само основно образование и повеќето се невработени помеѓу една и три години.

Форумите на Цивика мобилитас овозможуваат простор за артикулирање на идеи, но и за заедничко планирање и подготовка на акции. Овој форум го модерираа Даниела Стојанова од МЦМС и Весна Коловска од Медиа плус.

Продолжи со читање

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #6

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #6 [20 – 26 октомври 2025] И по завршувањето на изборниот процес, изборите продолжија да ја диктираат медиумската агенда. Иако бројот на објави е нешто помал од претходните недели, јавниот интерес остана висок. Со повеќе од 4.400 медиумски текстови и 560 објави на социјалните мрежи, медиумскиот простор остана…

  • Соработката меѓу граѓанските организации и бизнис секторот носи многу заемни придобивки

    „Причината поради која сите сакаме да соработуваме е затоа што сите сакаме да имаме корист. Без разлика дали доаѓате од бизнис секторот или од граѓанскиот, треба да почнете да развивате покомплексно разбирање за заемните придобивки“, им рече Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, на учесниците на  работилницата „Зајакнување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #5

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #5 [13 – 17 октомври 2025] Во последната недела пред изборниот молк имаше засилена активност и обновена мобилизација во медиумските објави со повеќе од 3.000 медиумски текстови и 240 објави на социјалните мрежи, и со јасен раст на ангажманот кон крајот на неделата. Кампањата влезе во завршна фаза…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави

    Месечен преглед на медиумските објави [15 септември – 14 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Изборите за локалната власт беа една од најдоминантните теми во медиумскиот простор со над 11.000 медиумски написи и над 1.100 објави на социјалните мрежи. Анализата открива јасна слика: изборната кампања се води…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор