Sredba

Поголема солидарност и соработка во секторот за поттикнување промени – апел од годишната средба за вмрежување на Цивика мобилитас

„Заедно со здружени сили, тоа е најдобриот начин за поттикнување промени. Треба да дискутираме, да преговараме, а тоа бара многу време. Но, мора да го направиме тоа во име на граѓанскиот сектор“, рече Вероник Улман, Амбасадорка на Швајцарија во Северна Македонија, во своето обраќање на Средбата за вмрежување на Цивика мобилитас. Таа ги охрабри присутните 115 претставници од граѓанските организации да се вмрежуваат, да направат заеднички програми и стратегии за пристап кон важните прашања за секторот. Амбасадорката Улман побара од граѓанските организации да ги преточат направените анализи во акции. „Конкуренцијата е добра, но кога е во прашање повисока цел, треба да се здружат силите“, додаде таа.

Токму тоа беше и целта на Средбата за вмрежување која се одржа од 4 до 6 мај 2022 година во Охрид, а на која присуствуваа 83 организации, актуелни и поранеши грантисти на Цивика мобилитас. Учесниците преку работа во групи, пленарни сесии и дебати разговараа за секојдневните предизвици и потреби со кои се соочуваат а кои се однесуваат на околината за нивно заедничко дејствување, на соработката, на ангажманот, финансиите итн.

Лилјана Јоноски од Рурална коалиција се осврна на регионалниот и локален развој во нашата земја. „Државата сама не вложува доволно во локалниот и регионалниот развој, па тоа се рефлектира на сите области. Потребно е да ги пренесеме знаењата и вештините на локално ниво. Треба да ја зајакнеме соработката не само меѓу нас, туку и меѓу нас и општините. Тука можеме да го бараме излезот за институционализација. Ни фали видливост“, вели Јоноски. Владо Караев од Здружението на граѓани „Рубикон“, се осврна на конституентите на нивната организација, децата и младите, пред се припадници на ранливите категории како и надлежните институции. „Во областа во која работиме, превенцијата е важна работа, мораме да ги видиме актерите и да ги извадиме проблемите на површина. Бидејќи институциите не реагираат, решивме да ги земеме за партнери“, додава Караев. За маргинализираните групи во општеството зборуваа и Бојан Павловски од Заедно посилни, Далиборка Златева од Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес, Звонко Шаврески од Полио Плус кои се согласија дека социјалната заштита треба да се спушти на локално ниво – непосредниот контакт и комуникацијата со луѓето дава резултати, но, останува прашањето, дали со тоа што граѓанските организации ја пополнуваат празнината настаната од недостатокот на ангажман на институциите, всушност се алиментира државата? Присутните се согласија дека граѓанските организации треба да бидат гласни и присутни во јавноста, да има повеќе настани за комуникација со претставници од институциите, да ги едуцираат граѓаните, но и луѓето во секторот за поголема ефикасност.

На настанот беа презентирани и резултатите од истражувањата „Проценка на корисници“ и „Индекс на граѓански организации“. „Резултатите покажуваат дека надворешните перцепции се подобри од внатрешните. Веројатно тоа што сме покритични влијае и на нашата самокритика“, истакна Александар Кржаловски, Национален лидер на тимот на Цивика мобилитас и директор на МЦМС.  Според него, резултатите покажуваат дека треба да излеземе од нашите кругови и да се посветиме на приоритетните барања на граѓаните.

Учесниците на Средбата го потенцираа и предизвикот за одржливост на граѓанските организации, ставајќи акцент на локалните здруженија кои многу потешко добиваат поддршка или често не се конкурентни на дел од повиците. „Се обидуваме да најдеме начини за да продолжиме да ги нудиме нашите сервиси. На малите организации им требаат институционални грантови – да се поддржат на 2-3 години па да видиме како ќе се развиваат“, предложи Христина Здравеска од  Здружение СТАНИЦА П.Е.Т. од Прилеп. Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата, во сесијата за одржливост на организациите, се осврна на различни модели кои се применуваат во други земји. Преку конкретни примери беше насочена дискусијата на некои алтернативни начини за финансирање.

Во своите коментари за време на Средбата, учесниците ја истакнаа институционалната поддршка која им овозможила да направат навистина добри поместувања во организацијата. На некои од нив, Цивика мобилитас им овозможила да научат многу нови работи, покрај задоволството да се работат на идејата која ја замислиле. На малите организации, едукацијата обезбедена од програмата била од исклучителна важност. Ова се дел од споделените искуства за поддршката од Цивика мобилитас.

Средбата беше искористена за конкретизирање на предлозите за следната, завршна фаза на оваа најголема програма за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија.

Продолжи со читање

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор