Kodeks naslovna 2 (1)
|

Грантистите на Цивика мобилитас дискутираа за придобивките од саморегулацијата

Првиот нацрт на „Кодексот за граѓански организации во Македонија“ беше презентиран вчера, 21 јуни 2021г. на онлајн работилница на која учествуваа 36 претставници на грантистите на Цивика мобилитас.

Оваа алатка има за цел да го зајакне системот на саморегулација и да придонесе до поголема професионалност и отчетност на граѓанските организации (ГО) со што се очекува да се зголеми довербата на граѓаните и донаторите во секторот.

Александра Савевска, соработник за проекти во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во својата презентација информираше за потребата, подготовката и содржината на Кодексот за граѓански организации.

„Ова е добар почеток да ја градиме свестта за внатрешно подобрување, како сакаме да се водиме и што сакаме да постигнеме со нашата работа за подобар развој во опшеството. Сметаме дека една ваква алатка треба да се имплементира во секоја организација, се разбира постепено со мали чекори во делот кој може да се подобри“, истакна Савевска.

Kодексот опфаќа седум основни вредности што ја опишуваат работата на граѓанските организации и осум заложби, преточени во 45 стандарди т.е. принципи на работа.

Кратката анкета што се спроведе на почетокот на работилницата, во која учествуваа сите, ја покажа перцепцијата на присутните дека јавноста (граѓаните, приватниот сектор, итн.) има делумна доверба во граѓанските организации.

Мнозинството од учесниците сметаат дека донаротите во голема мера ја познаваат работата на ГО, за разлика од Владата и државните институции кои делумно ги разбираат и познаваат заложбите во граѓанскиот сектор.

Учесниците во групи, дискутираа за ваков систем за саморегулација и се осврнаа на прашања поврзани со легитимитетот, сегашната структура, но и институционализацијата на кодексот во граѓанските организации.

Сите учесници се согласија дека Кодексот нуди  основни насоки и правила за работата на граѓанските организации кои се едноставни за толкување и примена. Кодексот ќе ги подобри организациите, ќе придонесе за зголемување на довербата на граѓаните и донаторите во граѓанските организации, ќе влијае кон создавање подобра слика за секторот, а со транспарентноста ќе и се овозможи на јавноста да има преглед во активностите и постигнувањата во опшеството.

Во следната фаза претставниците на граѓанските организации детално ќе ја разгледаат нацрт верзијата на Кодексот и ќе ги испратат своите сугестии за подобурвање.

Оваа работилница е дел од активностите кои ги спроведува МЦМС, преку програмата „Одржливо граѓанско општество- државно финансирање за граѓански организации“ која е финансирана од Европската Унија. 

Продолжи со читање

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Јавниот интерес пред скриената сопственост

    Во светот долго време се знаеше за постоењето на т.н. „шел“ или празни компании кои без познат сопственик и без вработени си префрлаа меѓу себе огромни суми пари за фиктивни услуги, за да се затскрие трагата на овие пари кои најчесто потекнуваа од црни и неоданочени бизниси. Но по откритијата…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор