Sredba za vmrezuvanje (8)
|

Граѓански импулс #7: месечен осврт на активностите на грантистите

јули 2025

Во јули доминираа активностите на грантистите на Цивика мобилитас насочени кон јакнење на родовата еднаквост и социјалната инклузија. По нив следуваа иницијативите посветени кон заштита на животната средина и подобрување на образованието.

Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП) и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) поднесоа тужба од јавен интерес против Владата и Министерството за здравство, барајќи измени во Законот за здравствено осигурување за да се обезбеди еднаков третман за жените земјоделки, кои се исклучени од правото на платено породилно отсуство и покрај тоа што редовно плаќаат здравствено и социјално осигурување. Комисијата веќе потврди дека постојат продолжена и индиректна дискриминација, а тужбата има за цел да ја надмине оваа нееднаквост и да ја зајакне заштитата на репродуктивните и работничките права на овие жени. Тужбата е поднесена како дел од проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, поддржан од Владата на Швајцарија, преку Цивика мобилитас.

ХКЧП во партнерство со ХОПС-Опции за здрав живот и Коалција Маргини, на 23 јули одржаа обука за членовите и вработените на КСЗД, со цел да се подобри разбирањето за предрасудите, стигмата и дискриминацијата кон ЛГБТИ лицата, лицата кои користат дроги и лицата со ХИВ, и да се зајакнат капацитетите за инклузивен пристап во нивната работа. Експертите од Мрежата за заштита од дискриминација посебно се осврнаа на препознавањето на личните предрасуди и начинот на кој членовите на Комисијата можат да бидат сојузници во заштита на правата на маргинализираните заедници.

Женската граѓанска иницијатива (ЖГИ) Антико заедно со партнерските организации „Секогаш Соживот“ и Адрион, во Кичево организираа информативна и едукативна сесија посветена на економско јакнење на жените. Преку проектот „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, учесничките добија информации за пристап до институции за микрофинансирање, грантови и програми за развој на бизнис-идеја.

Во Неготино, Порака Неготино, ЕКО-ЖИВОТ од Кавадарци и Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес, го доближија медицинскиот персонал со реалноста на лицата со попреченост преку одржување на три средби. Првата средба ги обедини докторите и пациентите, меѓу кои д-р Розјана Николова Јанева и д-р Аспарух Димковски, кои ги споделија своите професионални искуства, а лицата со попреченост и нивните старатели зборуваа за предизвиците и очекувањата, трасирајќи пат кон поемпатична и пристапна здравствена услуга. Втората сесија, одржана на 7 јули во Еко кампот на езерото „Младост“ кај Велес, ја пренесе оваа енергија во отворена и инспиративна средина, каде медицинските работници учеа за протоколите за опфат и третман, но и ја слушнаа силата на личните приказни, а истото се случуваше и на последната средба на 11 јули, во ресторан „Бриони парк“ во Кавадарци. Средбите  и презентациите со медицинскиот персонал се дел од проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“.

Форумот за разумни политики, Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје (ИОХН-С) и Балканскиот институт за регионална соработика (БИРС) ја објавија студијата „Од политички реформи кон реформи базирани на експертиза“, која, според м-р Бардул Заими, укажува дека „Северна Македонија сè уште се соочува со длабоки предизвици поврзани со преминот од реформи што главно се засноваа на краткорочни политички интереси, кон одржливи и професионални реформи базирани на експертиза“. Ахмед Ќазими зборува за „Трансформацијата на универзитетите и нивните предизвици во модерната епоха“  и укажува дека образованието сè повеќе се третира како пазарен производ, што доведува до промени во улогата на универзитетот, кој треба да се трансформира од место за пренос на знаење во простор каде што значењето се гради заеднички. Студијата е дел од проектот „Застапување за инклузивен развој“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Во полето на животната средина, Еко зелено движење од Берово и Центарот за климатски промени организираа едукативен настани за превенција од шумски пожари. На 26 јули на плоштадот во Берово, заедно со локални жители, институции и активисти, беа одржани интерактивни сесии и панел дискусии за заштита на шумите, со посебен акцент на учеството на децата кои преку својата порака потсетуваат дека иднината зависи од денешните одлуки. Настанот испрати јасна порака за потребата од законски измени, подобра координација и поголеми вложувања во шумската заштита, како и активна улога на граѓаните и младите.

Од тужби и обуки, преку едукативни сесии, јавни настани и студии, грантистите на Цивика мобилитас уште еднаш докажаа кога луѓето, идеите и посветеноста се здружени, секој месец може да биде месец на вистински промени.

Продолжи со читање

  • Соработката меѓу граѓанските организации и бизнис секторот носи многу заемни придобивки

    „Причината поради која сите сакаме да соработуваме е затоа што сите сакаме да имаме корист. Без разлика дали доаѓате од бизнис секторот или од граѓанскиот, треба да почнете да развивате покомплексно разбирање за заемните придобивки“, им рече Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, на учесниците на  работилницата „Зајакнување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #5

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #5 [13 – 17 октомври 2025] Во последната недела пред изборниот молк имаше засилена активност и обновена мобилизација во медиумските објави со повеќе од 3.000 медиумски текстови и 240 објави на социјалните мрежи, и со јасен раст на ангажманот кон крајот на неделата. Кампањата влезе во завршна фаза…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави

    Месечен преглед на медиумските објави [15 септември – 14 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Изборите за локалната власт беа една од најдоминантните теми во медиумскиот простор со над 11.000 медиумски написи и над 1.100 објави на социјалните мрежи. Анализата открива јасна слика: изборната кампања се води…

  • Новиот амбасадор на Швајцарија ја потврди посветеноста кон граѓанското општество

    Тимот на Цивика мобилитас на 16 октомври ја оствари првата средба со новoназначениот Амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер (Christoph Sommer). „Сметам дека граѓанското општество е многу значајна област на која треба да се фокусираме“, нагласи Амбасадорот, потврдувајќи дека поддршката на граѓанските организации е еден од приоритетите…

  • Кога се штеди на превенција, последиците се скапи – граѓанските организации и институциите со заеднички повик за поголеми вложувања во превенцијата

    Граѓанските организации и институциите од здравствениот сектор отворија јавен дијалог за унапредување на пристапот до квалитетни превентивни здравствени услуги за жените, девојките и ранливите групи, на тематскиот форум „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ одржан на 15.10.2025 година. Главните заклучоци од дискусијата се дека неопходно е вклучување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #4

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #4 [6 – 12 октомври 2025] Анализата на медиумските и објавите на социјалните мрежи во претходната недела потврдува дека кампањата се засилува, а фокусот е се повеќе на конкретни локални решенија кои директно влијаат на секојдневниот живот на граѓаните. Дискусиите се интензивни на социјалните мрежи, каде што конкретните…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор